Почина Владо Јаневски

Македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливите музички изведувачи. Вечерва, по кратко боледување, на 66-годишна возраст почина пејачот, композитор и музичар Владо Јаневски. Владо Јаневски беше еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската поп-музика, чија кариера траеше повеќе од четири децении. Зад себе остави богато музичко творештво и хитови кои станаа безвременски, … Продолжи со читање Почина Владо Јаневски