Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Се бараат одговорни за отворање на мостот на Ибар во Косовска Митровица; Дачиќ бара откажување на фестивалот за дијалог и соработка „Mirëdita, Dobar dan“ во Белград

Во пресрет на најавеното отворање на мостот над реката Ибар во Косовска Митровица, косовските медиуми и јавноста се во дилема за тоа чија е одговорноста за спроведување на одлуката.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на 18 смета дека фестивалот „Mirëdita, dobar dan“, кој се очекува да се одржи на крајот на јуни во Белград, треба да се откаже, пренесе Зери.  Фестивалот се организира од 2014 година и има за цел да создаде платформа за соработка и дијалог меѓу граѓаните на Србија и Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Инфокус: Чија одговорност е отворањето на мостот на Ибар?

Симбол на поделба и место на тензии се само два начина на кои низ годините е опишан главниот мост на реката Ибар, која ја дели Митровица на две општини.

За некои, неговото отворање е и симболично и целосно политичко прашање, бидејќи граѓаните наоѓаат алтернативни начини да се преселат од една област во друга.

Дискусиите за мостот беа актуелизирани  во последните недели, по повиците до Собранието на општина Северна Митровица, мостот целосно да биде отворен за сообраќај.

Претседателот на Собранието на општина Северна Митровица, Неџад Угљанин, рече дека спроведувањето на одлуката за прашањето за мостот им припаѓа на централните власти и безбедносните институции.

Претставници на ова Собрание дури рекоа дека отворањето на мостот е исто така во надлежност на Јужна Митровица и мировната мисија на Северноатлантскиот договор (НАТО) на Косово, КФОР.

Дури и заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, во мај предупреди дека мостот „наскоро ќе биде отворен“ и дека разговара со претпоставените како да го направи тоа.

Меѓународниот фактор, пак, постојано бара координација меѓу сите засегнати страни за да не ескалира ситуацијата, пренесува Инфокус.

Газета Блиц: 1.650 лица добиле статус на жртви на сексуално насилство во војната, од нив 90 се мажи

Над 2.000 барања за статус на силувани лица за време на последната војна во Косово се поднесени до владината комисија за признавање и верификација на статусот на жртви на сексуално насилство, прифатени се 1650.

1560 жени се препознаени како жртви на сексуално насилство, а 90 се од машки пол, пренесува Газета Блиц.

Зери: Дачиќ  бара откажување на фестивалот „Mirëdita, Dobar dan“ во Белград

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на 18 јуни изјави дека смета оти фестивалот „Mirëdita, dobar dan“, кој се очекува да се одржи на крајот на јуни во Белград, треба да се откаже, пренесе Зери.

Фестивалот се организира од 2014 година и има за цел да создаде платформа за соработка и дијалог меѓу граѓаните на Србија и Косово.

Дачиќ рече дека настанот не се организира „на државен простор“ и дека во овој момент не може да каже што ќе преземе државата.

„Полицијата има авторитет кога станува збор за собири на отворено, но кога станува збор за собири во затворени простории ние немаме никаква улога. Мислам дека генерално е ризичен собир и апелираме да се откаже целиот настан“, изјави тој на ТВ Пинк.

Фестивалот на јавноста и ја претставува културната и социјалната сцена на Косово и годинава се организира од 27 до 29 јуни.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Повторно протест пред општината Тирана, полицијата го објави планот на мерки

Државната полиција информира дека има преземено организациски и оперативни мерки за гарантирање на јавниот ред и безбедност за време на протестот по барање на „Сојузот за заштита на театарот“, денеска на 21.06.2024 година во 10:00 часот пред објектот на  Општина Тирана.

„За време на неколку претходни собири, одржани од Алијансата за заштита на театарот, на плоштадот пред градското собрание на Тирана, повторени случаи на противење на полициските сили, употреба и фрлање молотови коктели и други предмети, во насока на Градското собрание на Тирана, се евидентирани сериозно загрозување на животот и здравјето на полициските службеници и на учесниците во собирите, соопштија од полицијата, пренесува Топ Чанел.

Телеграфи: Пад на иселувањето на Албанците, барањата за азил намалени за 24 отсто

Податоците што ги објави Евростат покажуваат дека во првите три месеци од годинава имало вкупно 2.050 барања за азил од албански државјани во една од земјите на Европската унија.

Споредено со истиот период пред една година, апликациите се намалени за 24%, што е најниско ниво од пандемијата, додека тие се помалку од половина од истиот период во 2019 година, пренесе Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Чекајќи го, сега веќе првиот американски претседател

„Има еден природен циклус на одлучување во западниот свет и оние кои внимателно го набљудуваат, а тој циклус вели дека во годината на американските избори не може да се донесат важни одлуки во меѓународните односи.

Исклучок се чинеше дека беа последните месеци од администрацијата на Клинтон, кога се сметаше дека мирот меѓу Палестина и Израел е многу блиску, но тоа што не беше постигнат е доказ за правилото.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Чекајќи го, сега веќе првиот американски претседател“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира