Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американскиот трап артист „Lil Pump“ на вториот ден од Д Фестивалот

Во рамките на вториот ден од Д Фестивалот, вечерва за првпат во Дојран ќе настапи американскиот трап артист „Lil Pump“. Како што најавија организаторите, на „mosquito“ бината вечерва ќе настапат холандската група „YĪN YĪN“, српската хип – хоп група „Bad Copy“, а од македонската нова андерграунд сцена ќе настапат „Вагина Корпорација“.

Покрај „Lil Pump“, на главната сцена вечерва ќе настапат и „Peach Vice“, „Sanatorium“, LD Pistolero и DJ Goce, „Flooder“ и „Hot since 82“.

-Илјадници луѓе, илјадници кампери сликите говорат за атмосферата на првиот ден од Д Фестивал. Нѐ очекуваат уште повеќе посетители и публика на вториот ден! Панел дискусии, стенд ап, квизови, тетовирање, цртање со хена, читање на тарот карти, возење на кајак, се само дел од активности и на вториот фестивалски ден, најавуваат од Фестивалот.

Д Фестивалот 2024 беше отворен синоќа во Дојран, а официјално ќе заврши на 30 јуни.

Треба да знаете
Moже да ве интересира