Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Прорускиот митрополит Даниил Видински избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

Даниил Видински е избран за нов патријарх на Бугарската православна црква. Тој е четврти духовен поглавар од возобновувањето на патријаршијата.

69 од 138 делегати гласале за 52-годишниот Видински кој ја презема власта по смртта на патријархот Неофит во март.

„Денеска во Академската сала на Бугарската академија на науките во Софија се одржа патријаршискиот изборен црковен собор за избор на нов бугарски патријарх. Во 8:30 часот по бугарско време започна првиот круг за избор на бугарски патријарх, при што митрополитот ловчански г. Гаврил освои 19 гласа, митрополитот Видински Даниил освои 51 глас, а митрополитот врачански Григориј освои 64 гласа. Потоа, откако беа подготвени ливчиња со имињата на двајцата кандидати за патријаршискиот престол, за митрополитите Григориј и Даниил, се одржа и вториот круг гласање, при што за митрополит софиски и патријарх бугарски беше избран видинскиот митрополитот Даниил со 69, додека врачанскиот митрополит Григориј имаше 66 гласа“, се вели во соопштението од БПЦ.

Видински е роден во 1972 година во Смолјан под името Атанас Николов. Завршил средно образование во родниот град, а во 1996 година запишува Англиска филологија на СУ „Св. Климент Охридски“. Веќе следната година се префрла на Богословскиот факултет. Од 1997 година е послушник во Хаџидимовскиот манастир „Св. Георги“, по две години станува монах и е ракоположен за јероѓакон.

Во 2004 година е испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество Богородично“, каде што е ракоположен за јеромонах, а две години подоцна станува архимандрит. Во 2008 година по одлука на Светиот синод станува епископ во храмот „Св. Александар Невски“. Назначен е за викар последователно на Неврокопскиот митрополит Натанаил и митрополитот на САД, Канада и Австралија Јосиф. На 4 февруари 2018 година е избран за Видински митрополит.

Даниил ја нарече Украина агресор , во сегашната целосна инвазија на руските трупи на Украина. Тој, исто така, посочи дека Украина е креација на Владимир Ленин.

Даниил, исто така, го критикуваше затворањето на Руската црква во Софија минатата година и изрази револт по одлуката да се протера нејзиниот поглавар, архимандритот Васијан и уште двајца свештеници под сомнение за шпионажа.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново