Градот имал висококатници уште во 12 век: Бил „Менхетен на средниот век“, се верува дека ги имало околу 100, а највисоката кула била висока 97 метри

Пред повеќе од 900 години, помеѓу 12 и 13 век, Болоња била полна со висококатници, па се сметала за „Менхетен на средниот век“.

Сите кули кои биле многу високи и направени од камен, а највисоката се издигала 97 метри во висина.

Интересно е што и денес не се знае со сигурност зошто во тоа време се граделе вакви градби. Една од теориите е дека најбогатите семејства сакале да ги користат за одбранбени цели за време на конфликтот меѓу црквата и државата, период познат како Битката за инвеститура. Во 13 век, многу кули биле урнати, додека други се срушиле сами со текот на времето.

Денеска неколку од нив гордо стојат, а две се најпознати – тоа се кулата Асинели висока 97 метри и Гарисенда висока 48 метри кои се препознатливи симболи на градот. Во нив туристите можат да влезат за помалку од 10 евра, но мора да се искачат 498 скалила за да уживаат во прекрасната глетка. Имаше и локално верување дека кој и да се искачи на врвот нема да ги заврши студиите.

Изградбата на кула од 60 метри во средновековно време воопшто не била лесна задача, зафатот барал до 10 години работа.

Секоја кула имала квадратни темели длабоки меѓу пет и десет метри, поддржани од столбови набиени во земјата и покриени со чакал и вар.

Основата на кулата била направена од големи блокови од камен селенит. Останатите ѕидови постепено станувале потенки и полесни како што конструкцијата се издигнала, и биле изградени во таканаречениот „а сако“ стил: со дебел внатрешен ѕид и потенок надворешен ѕид, додека просторот меѓу нив бил исполнет со камења и малтер.

Освен кулите, во Болоња сè уште има утврдувања кои одговараат на портите што постоеле во 12 век. Со текот на годините, голем број кули се користеле за други цели, од затвори до продавници и станбени згради.

Како и да е, кулите останаа заштитен знак на Болоња, па дури беа спомнати од познатиот италијански поет Данте во неговото дело Божествената комедија.

Последното уривање се случи на почетокот на 20 век кога постоеше амбициозен план за реструктуирање на градот. Кулите Артениси и Рикадона биле уништени во 1917 година.

Меѓу кулите кои сè уште стојат денес се Акогуди, наречена и Алтабела (висока 61 метар), Короната (60 м) и Скапи (39 м).

Првиот историчар кој темелно ги проучувал кулите на Болоња бил Грог Џовани Гокадини, сенатор од 19 век кој сериозно се занимавал со историјата на овој град. Неговото истражување сугерира дека во Болоња имало околу 180 кули.

Сепак, неодамнешните студии покажуваат дека нивниот број е помеѓу 80 и 100, а не сите постоеле во исто време. Без оглед на цифрата, сето тоа беше исклучително импресивно за тоа време.

Во Болоња денес живеат повеќе од милион луѓе. Тој е најголемиот град во регионот Емилија-Ромања и центар на производство на автомобили, вклучувајќи ги Ферари и Масерати.

Во Болоња се наоѓа и еден од најстарите универзитети во светот, основан во 1088 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен