Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чупеска: Бугарскиот диктат е лажна вест, но стравувам од влегување во една криза или т.н бугарско сценарио

Професорката Ана Чупеска смета дека опозицијата не се труди конструктивно да делува во врска со предлог измените на Уставот, туку само контрира

„Има измени во преамбулата, се додаваат народи после постоечките до други, и врз основа на тоа додавање има две измени едната е во членот 49 врзана со амандман 2 и другата е во членот 78 поточно членот кој се однесува на Собранискиот комитет за односите меѓу заедниците,“ рече професорката Ана Чупеска во емисијата Клик Плус на ТВ 21 во врска со предлог измените на Уставот.

Таа објасни дека измената во членот 49 се однесува на додавањето на народи, а истото се случува и во Комитетот, односно претставеност на заедниците во него, како и дека се работи за многу бенигна промена.

„Апсолутно никакво загрозување на уставниот поредок не се случува и се е во согласност со меѓународните стандарди, општите принципи на Универзалната декларација за човекови права, бидејќи станува збор за признавање на народите, на поедини културни групи, што живеат тука и што се граѓани на оваа земја,дека имаат идентични права како и сите други, “истакна Чупеска.

Таа посочи дека преговарачката рамка која е основа за промените не е бугарски диктат, таа ни ја дава Советот каде има 30 земји, сите поединечно гласале и ни ја нудат како мултиратерален документ на државата.

Ова е референца за копенхашките критериуми кои што се елементарен услов за членство за сите земји кои што сакаат да бидат членки, па и за Македонија. Бугарскиот диктат е лажна вест“, рече Чупеска.

„Мислам дека треба  да си се водиме по законските прописи, добро е изборите да си бидат одвоени и тоа ќе биде тест, мислам дека одвени избори би им помогнале на сите партии малку да си ги одмерат силите и евентуално да поправат нешто во тој меѓупериод. Така што јас сум за пристапот за одвоеност“, рече Ана Чупеска.

Таа истакна дека опозицијата не се труди конструктивно да делува во процесите, туку само контрира.

„Она што јас стравувам е влегување во една криза или т.н бугарско сценарио. Спојувањето и раздвојувањето на изборите е помалку важно од последиците од коалицирањето и можностите за формирање на влада. За мене како политиколог пост изборните комбинаторики се со далеку поголем потенцијал за разорност отколку претходните“, истакна Чупевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен