Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со позицијата „сѐ или ништо“ Мицкоски нема што да изгуби, а Македонија ќе изгуби многу

Позицијата „сѐ или ништо“ за Мицкоски не е иста со позицијата „сѐ или ништо“ за иднината на Македонија. Еве зошто: За Мицкоски во „сѐ“ е собрана целата амбиција да се добере до власта за сметка на „ништо“ од европската иднина на Македонија и ако треба и таа цена да се плати за неговото „сѐ“.

Зоран Бојаровски

Позицијата „сѐ или ништо“ за Мицкоски не е иста со позицијата „сѐ или ништо“ за иднината на Македонија. Еве зошто: За Мицкоски во „сѐ“ е собрана целата амбиција да се добере до власта за сметка на „ништо“ од европската иднина на Македонија и ако треба и таа цена да се плати за неговото „сѐ“.

За мнозинството граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, во „сѐ“ е збрана целата надеж за нашата сигурна иднина во ЕУ, а во „ништо“ ја гледаат заканата од остварување на „сѐ“ на Мицкоски.

Така што, со позицијата „сѐ или ништо“ Мицкоски нема што да изгуби, а Македонија ќе изгуби многу. Својата европска иднина

Оваа макијавелистичката амбиција на Мицкоски, после интервјуто на ТВ Канал 5 е сосема јасно, сега уште повеќе со последните ултиматуми. Еден до власта во Македонија – предвремени избори веднаш, и еден до ЕУ – може да ги внесеме Бугарите во Уставот на крајот од преговорите, односно тогаш кога земјата ќе стане членка на ЕУ, или Бугарите во Устав со гаранција дека тоа ќе биде последното барање.

И ако за првиот ултиматум може дури и да ја признаеме амбицијата, односно инаетот, да се прифати како политичка борба за власт, вториот ултиматум до ЕУ најблаго речено е наивен, а најреално е курназлук од некој што најмалку има право да биде курназ (дрзок, надмен, надуен, итар, според толковниот речни на македонскиот јазик).  

Мицкоски: „Можен е развој на државата и надвор од европскиот пат“

Дека е подготвен да оди до таму да го доведе во прашање евроинтеграцискиот процес на земјата се потврдува и со неговиот исказ во интервјуто за ТВ Канал 5 дека е „можен е развој на државата и надвор од европскиот пат“.

Ова е прв пат вака јасно Мицкоски да изјави дека е можен развој на Македонија и надвор од европскиот пат и тоа е нешто што сериозно загрижува, доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина ги добие следните избори.

Малку подоцна, во истото интервју, наместо директен одговор на прашањето на водителот „Еве и да дојдете на власт, можете ли да ветите дека ќе ги почнете преговорите? Кога ќе ги почнете преговорите?“, Мицкоски не дава директен одговор, туку вели: Јас ветувам со новата влада дека децата ќе ги имаат учебниците пред да почне учлебната година, можам да ветам дека нема да ни умираат пацинети во болниците, дека ќе има инфраструктурен бум и проекти, подобра економија, ќе владее правото, ќе се бориме со корупцијата, до последно ќе ги заштитам интерсите на мојот народ и на Македонија…“ и повторува дека тој претходно ги поставил условите под кои ќе преговара со ЕУ.

Наместо генератор на струја, Мицкоски е генератор на дезинформации

До каде е подготвен да оди за да ја оствари амбицијата „сѐ или ништо“ (од Македонија) за да дојде на власт, а земјата да ги загуби преговорите или да ги одложи на недогледно време, говорат и нозата невистини што Мицкоски ги шири речиси во секој негов јавен настап за да создаде лажна слика дека неговите аргументи се реални, основани и додволно силни за да ја оправдаат неговата нихилистичка позиција.

Вели „Радев после 6 месеци ќе ви мавта со протоколот и ќе постави вето зашто нема напредок во Комисијата за историски прашања…“. Тоа не одговара на вистината. Протоколот е рамката за решавање на билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија, а билатералните прашања нема да бидат обвзувачки и да го одредуваат процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, рече неодамна високиот претставник за недворешна политика и безбедносни прашања на ЕУ Жозеп Борел.

Борел уште дополни: „Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди“.

Мицкоски шири дезинформации и кога вели дека „оваа власт ја направиле државата федерална „де факто“, иако не била и „де јуре“. Вистината е Северна Македонија ниту „де факто“, ниту „де јуре“ не е федерација. Можеби е во главата на Мицкоски, но тоа е негова перцепција која не треба да ѝ ја наметнува на јавноста.

Во серијата дезинформации во интервјуто на Мицкоски ја забележавме и оваа со која со создава погрешна слика кога вели дека „во Украина живеат огромни малцинства на соседните држави на Украина, од Унгарија и Полска да речеме, коишто немаат никакви права споредено со овие 756 Бугари во Македонија“.

Според анализата на укаринскиот закон за малцинства, односно заедници, Венецијанската Комисија на Советот на Европа, констатира дека Украина со членот 5 од законот им го гарантира на припадниците на малцинствата правото на самоидентификација, односно на само-оппределување, правото на политичко орагнизирање и учество во здруженија и асоцијации, правото на слобода на изразување и на верска определба, на користењето на јазикот на заедницата, на образование на јазик на заедницата…

Мицкоси шири дезинформации и за процентот на искористеснот на ЕУ фондовите од страна на Македонија кога вели дека изнесува 30%.

Вистината е дека Македонија е на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. Земјата учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по што се одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра.

Во втората половина на минатата година ЕУ  одобри со четири инвестициски проекти вредни 225,6 милиони евра како дел од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.

Само во ИПАРД 2-програмата за развој на аграрот, минатата година ЕУ за Северна Македонија даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3 беа одобрени уште 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме. Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите, вкупната вредност на програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра.

Ако сето ова го имаме предвид, а не дезинформациите на Мицкоси, за каков развој „надвор од европскиот пат“ можеме да зборуваме?!?

ВМРО-ДПМНЕ го спинува Шолц

И на крајот од оваа анализа да разобличиме уште еден обид за дезинформирање, односно за спинување на изјавата на германскиот канцелар Шолц на заедничката прес конференцијата со Димитар Ковачевски во Берлин.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата кажа дека стои зад тоа дека преговорите на земјава со ЕУ ќе течат во сосема регуларен пристапен процес, со сите постапки што Европската Унија ги управува и дека нема да има нови барања за билатералната ситуација, мислејќи на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Сепак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да креира проблем таму каде што нема, креираше конфузија дека канцеларот Шолц не го кажал зборот, гарантирам, како што се слушна на симултаниот превод од конференцијата. Според пратеникот Драган Ковачки од опозициската партија, Шолц не рекол дека гарантира, туку само дека не треба да има нови условувања.

Колегите од порталот „360 степени“, контактирале германист кој објасни дека фразата што ја кажал Шолц, „dafur stehe ich“ се преведува како „јас стојам зад тоа“, но алтернативен превод на оваа фраза може да биде и „гарантирам“.

Слушајќи го оригиналот, германистот контактиран од „360 степени“ направил интегрален превод на изјавата на Шолц, која гласи:

„Тоа треба така да биде, да биде сосема регуларен пристапен процес, со сите постапки што Европската Унија ги управува и, се разбира, сите нешта за кои станува збор се запишани тука. Нема нови барања што се однесува до билатералната ситуација. И јас стојам зад тоа“.

Гледајќи го овој превод, јасно е дека и симултаниот превод доволно јасно и прецизно ја доловува поентата на Шолц, дека тој, како германски канцелар, гарантира дека нема да има дополнителни барања во пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ и дека тој ќе се одвива според европските прописи.

Без да навлегуваме дали се поврзани или не, но денес, 30 јуни, и бугарскиот претседател Радев како да ги слушна пораките од ЕУ, па објави: Не поставуваме нови услови за Скопје. „Кога нè повикуваат да не поставуваме нови услови за евроинтеграциите на РСМ, кога нè повикуваат да престанеме да гледаме во минатото, туку само напред, само кон иднината, мораме мирно и јасно да кажеме дека не поставуваме никакви нови услови. Сакаме Скопје единствено да ги исполни веќе преземените обврски кои се утврдени во Преговарачката рамка“, вели Радев во својата изјава со што јасно упатува на нашата обврска за уставни измени за впишување на Бугарите во Македнија во конститутивниот акт на државата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира