Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чупеска: Подигнатиот степен на внимание е неопходен, актуелните воени и кризни жаришта имаа потенцијал за прелевање

Со д-р Ана Чупеска, како професорка по современи политички теории и етнички конфликти и меѓународни односи на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, разговаравме за геополитичкиот аспект на актуелните војни и кризни жаришта Израел/Палестина, Украина/ Русија и Србија/Косово. За тоа што им е заедничко и на кој начин да реагира меѓународната заедница заради потенцијалот за прелевање на овие жаришта во оружани конфликти со исклучително драматични последици.

Со проф. д-р Ана ЧУПЕСКА разговараа Зоран БОЈАРОВСКИ и Стојан СИНАДИНОВ

Рацин.мк: Светот е соочен со неколку актуелни кризни жаришта (Израел/Палестина, Украина/Крим/Русија, и Србија/Косово). Што значи од геополитички аспект овој тип на конфликти кои, меѓу другото, се водат или на, или за, „окупирани“ територии според одделни актери во судирите?

Чупеска: Во светот во моментот има многу повеќе кризни жаришта. Покрај овие, има околу 30-тина активни конфликти од кои еден поголем број во Африка.

Но, сепак, нашето внимание најмногу го окупираат посочените конфликти во вашето прашање од повеќе причини.

Прво, воената агресија на Русија врз Украина директно го предизвика НАТО – чија држава членка сме и ние. Второ, српско-косовскиот конфликт е во наша најнепосредна околина и на директен начин може да не засегне особено имајќи го предвид фактот за отворена можност за прелевање (spill over), ако го земеме предвид полтичко-безбедносниот контекст и неодамнешната историја на конфликти овде, на овие наши простори.

Од друга страна конфликтот меѓу Израел и Палестина е перзистентен декади наназад, иако од 1973 година до денес вакво интензивно динамизирање на овој конфликт не беше забележано.

Ена трошка надеж после во овој хуманитарен колапс, мислам дека ќе мора уследи ако се отвори можноста за конечно решение со две засебни држави.

Дали овој тип на „незавршен мир“ или „незавршен конфликт“ останува постојан генератор на кризни состојби со потенцијал за пошироки прелевања? Ги поврзува уште една заедничка карактеристика: Сите се на клучни геостратешки точки.

Карактеристично за сите три наведени конфликти е тоа што сите имаат прво, територијална страна/аспект, второ, во сите три конфликти и индeтитетската варијабла е високо мобилизрачка и трето, сите 3 конфликти покажуваат капацитет за интернационализација, токму заради нивната геостратешка предиспонираност.

Сакам да кажам, овие специфики нѐ прават сите особено алертни, затоа што, како што сведочиме, ефектуираат последици и спрема други субјекти – кои реално не се дирекно инволвирани во конфликтот.

Посебно, аспектот за конфликтно инфицирање на цели региони е вивиден во овие конфликти и затоа мора многу внимателно да се делува во меѓунородното општење.

Спецификите на актуелните кризни жаришта нѐ прават сите особено алертни, затоа што, како што сведочиме, ефектуираат последици и спрема други субјекти – кои реално не се дирекно инволвирани во конфликтот.

Сведоци сме дека, во зависност од местото на идеолошкиот спектар на припадност, има разлики меѓу политичките субјекти во толкувањето на овие кризни жаришта. Кога станува збор за точката на гледање на работите на една страна се прогресивно либералните и демократски партии, а од друга екстремно конзервативните и популистички партии. Кој е вашиот коментар на овој аспект на реакцијата на земјите од меѓународната заедница?

Во околности на кризи, три по ред веќе, очигледно дека јавачите на бранот на популизмот ќе се офајдат политички. Овие состојби од либерално-демократските субјекти беа и се одамна воочени, но за жал, прогресивните демократски сили со тоа што бегаат и го осудуваат популизмот впрочем стануваат негови жртви. Целата светска прогресивна агенда е под сериозни предизвици како едновремено да понуди добри и одржливи решенија, а истовремено и да еманципира и да добие поддршка. Тешко е, но не е неостварливо. 

Посебен предизвик останува левиот радикализиран популизам кој на овие конфликти гради лажна надеж и со целосно первертирана антифашистичката нарација настојува да се прикаже како суверен претставник на обесправените луѓе денес, без притоа да ја согледа деликатноста на реалноста и да понуди остварливи решенија за глобалните општествено политички предизвици и ризици.

Посебен предизвик останува левиот радикализиран популизам кој на овие конфликти гради лажна надеж и со целосно первертирана антифашистичката нарација настојува да се прикаже како суверен претставник на обесправените луѓе денес, без притоа да ја согледа деликатноста на реалноста и да понуди остварливи решенија за глобалните општествено политички предизвици и ризици.

Во оваа насока, каква би била вашата порака или препорака за Северна Македонија за позиционирање во еден таков контекст?

Во таа смисла, ние како НАТО членка и ЕУ претендентка, треба да сме претпазливи и да ги земеме предвид фактите дека осудата за терористичкиот атак на Хамас е оправдана, затоа што нападот имаше тенденција да го радикализира Израел и со тоа да го дестабилизира Блискиот Исток. Идеолошки, Хамас имаат и претензии целосно да го преземат легитимитетот на „арапското ткиво”, и сите ние да почнеме Палестинците да ги изедначуваме со Хамас.  Но, тие не се едно те исто. Ниту пак сите Арапи се членови на Хамас.

Од една ваква перспектива, ризикот конфликтот во Газа да стане тотална војна на Блискиот Исток е, за жал, сѐ уште отворен. Во такво сценарио, и услови кога ја знаеме релацијата меѓу САД и Израел, можеби некој очекува дека значително би се ослабела и САД. Но, верувам дека до ова нема да дојде. 

Една трошка надеж после во овој хуманитарен колапс, мислам дека ќе мора уследи ако се отвори можноста за конечно решение со две засебни држави. Но, уште е рано и не можам да предвидам до кој степен ќе ескалира конфликтот.

Во меѓувреме, во ЕУ се бараат начини како да не се суспендира помошта за Палестинскиот народ и таа да не заврши во рацете на Хамас. Не треба да има колективно казнување, но мора да биде јасно и гласно осуден секој терористички акт. Затоа впрочем, сведочиме на масовна осуда кон тероритичкиот напад на Хамас врз Израел. Но, од Русија таква експлицитна осуда не беше упатена, напротив! И токму од тие причини, не се усвои пред некој ден „руската” резолуција во ОН.

Мислам дека нашата земја постапи правилно што се приклучи кон таа осуда.

Треба да знаете
Moже да ве интересира