Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик поврзува, победува и инспирира негова афирмација

Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација.

Секој обид за негација на македонскиот јазик резултира со негова повеќекратна афирмација, вели во интервју за Рацин.мк министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, и истакнува дека достојното и масовно чествување на Денот на македонскиот јазик поврзува, победува и поттикнува.

Министерката Костадиновска Стојчевска во ова интервју говори и за придобивките од предлогот на Законот за македонски јазик

Рацин.мк: Оваа година 5 Мај се одбележува по петти пат како Ден на македонскиот јазик откако Владата го прогласи за празник во 2019 година. Дали сметате дека Денот го оправдува своето постоење и кои се ефектите гледано од лингвистички, од општествен и од политички аспект?

За само четири години, Денот на македонскиот јазик стана препознаен од целото општество и претставува момент кога на пиедестал покажуваме дел од нашите тековни иницијативи кои ги подготвуваме и реализираме низ целата година. Во реализацијата на церемонијалните, јавните и фестивалските активности поврзани со 5 Мај учествуваа различни заедници со свое творештво, од академијата до учениците, од уметниците до политичарите, од лингвистите до медиумите. Оваа година во одбележување и славењето на денот неподелено учествуваа сите граѓани на земјата, Македонците, Албанците и сите останати етнички заедници, власта и опозицијата, младите и возрасните. Оваа година видовме како со впечатливо учество во славењето на македонскиот јазик и македонското кирилично писмо учествуваа и странците, дипломати во нашата земја и надвор од неа. Очигледно е дека македонскиот јазик поврзува, победува и поттикнува.

Ваквиот амбиент за сите нас е силен ветер во грб, особено во време кога македонскиот јазик ни станува еден од јазиците кои се употребуваат во ЕУ и во време кога во Грција се случи верификација на Центарот за учење македонски јазик.

Јазикот е на сите и не е само за еден ден. Во 21 век кога јазиците се користат толку интензивно, од голем број граѓани и преку разни форми на вербална, пишана и дигитална комуникација, не може да стане збор за негирање јазик. Не само за македонскиот, туку за било кој друг јазик. Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација.

Јазикот е на сите и не е само за еден ден. Во 21 век кога јазиците се користат толку интензивно, од голем број граѓани и преку разни форми на вербална, пишана и дигитална комуникација, не може да стане збор за негирање јазик. Не само за македонскиот, туку за било кој друг јазик. Секој обид за негација на еден јазик резултира со негова повеќекратна афирмација.

Програмата посветена на одбележување на Денот на македонскиот јазик оваа година беше доста разновидна. Во петокот вечерта имавте и впечатлива завршница со светлосни перформанси и видео проекции низ целата држава. Како дојдовте до идејата за овие проекции на најубавите стихови на македонски на јавни површини? На кој начин беше направена селекција на стиховите и цитатите?

„Пишувај кирилица“ е нашето мото оваа година. Не само за 5 Мај, туку и низ целата година поддржуваме творештво на македонски јазик и на кирилица. За празникот сакавме токму кирилицата и токму творештвото на македонски јазик да бидат на пиедесталот. И затоа се одлучивме да активираме светлина. Основната замисла беше да го претставиме македонскиот јазик како светлина која ни го покажува патот кон подобро утре. Тоа нѐ однесе и до критериумот за избор на стиховите и цитатите. Можете да забележите дека во сите стихови преовладува вербата, надежта, погледот кон напред, убавото, светлото, ведрото – сакавме да пренесеме целосна позитива кон нашите граѓани и затоа избравме стихови кои мотивираат, кои ги опеваат слободата, татковината, љубовта, иднината, желбата за подобро утре – и со тоа праќаме порака дека сме против недовербите, поделбите, угнетувањата и мрачните моменти. Знам дека нема човек на кој не му дојде убаво додека ги гледаше светлините исполнети со мотивирачки македонски стихови кои произлегуваат и од народните творештва, но и до современи автори.

Можете да забележите дека во сите стихови преовладува вербата, надежта, погледот кон напред, убавото, светлото, ведрото – сакавме да пренесеме целосна позитива кон нашите граѓани и затоа избравме стихови кои мотивираат, кои ги опеваат слободата, татковината, љубовта, иднината, желбата за подобро утре – и со тоа праќаме порака дека сме против недовербите, поделбите, угнетувањата и мрачните моменти.

Се забележува дека особено внимание посветувате во промоција на делата на најголемите великани како што се Конески, Мисирков, Ацо Шопов, Рацин и останатите. Зошто вакво бележито свртување кон вредностите на овие наши големи културни дејци? 

Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела од овие и од уште многу македонски великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин.

Јубилеите 100 години од раѓањето на Конески и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, беа одбележани и во УНЕСКО. Што значи тоа за македонската култура? Какви се плановите за во иднина на ова поле и кои се другите форми што можеме да ги очекуваме на планот на меѓународната промоција на македонскиот јазик и култура?

2023 е година посветена на исклучителниот Ацо Шопов. Достојно ја одбележуваме со бројни проекти поддржани од Министерството за култура. Оваа годишнина е впишана и во календарот на УНЕСКО и заедно, пред  извесно време, достојно се осврнавме на богатото творештво на Шопов.

Оваа година се навршуваат 120 години од објавувањето на книгата „За македонските работи“ на Крсте Мисирков и 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик кој го носи неговото име.

Во 2023-та се навршуваат 115 години од раѓањето и 80 години од загинувањето на Коста Рацин. 30 години од смртта на Блаже Конески. 120 години од раѓањето и 50 години од смртта на Никола Мартиноски.

80 години од првиот час на македонски наставен јазик во училиштето во Подвис, кичевско. 80 години од формирањето на Иницијативниот одбор за заседанието на АСНОМ и 30 години од нашиот прием, како самостојна држава, во Обединетите Нации…

Оваа година е и година во која одбележуваме 120 години од Илинденското востание, 120 години од смртта на нашите револуционери Гоце Делчев и Питу Гули.

Има уште бројни годишнини кои културните установи и центри низ државата достојно ќе ги одбележат во оваа 2023-та година со поддршка на Министерството за култура.

Уште многу убавини од македонското творештво ни претстојат. Сите заслужуваат почест и место во колективната меморија. Она што е доста важно е дека правиме напори во исто време да ги одбележуваме овие јубилеи и надвор од границите на државата. Како што го одбележавме 100-годишницата од раѓањето на Ацо Шопов во УНЕСКО во Париз, така и овој 5ти мај го одбележавме во КИЦ-от во Њу Јорк со пригодна програма од македонски уметници кои изведуваа македонска музика. И така продолжуваме и во иднина.

Денес, кога секојдневно се среќаваме со различните дела од овие и од уште многу македонски великани, сфаќаме постои можност во изминативе 30 години тие да не биле промовирани и доближувани до граѓаните доволно и достојно – јас велам дека може и треба уште повеќе – нивното огромно творештво треба секој граѓанин да го прочита, почувствува и доживее, повеќекратно, на свој начин.

Во пресрет на Денот на македонскиот јазик, Владата, на предлог на Министерството за култура, го утврди предлог законот за македонски јазик. Дали тој ги содржи сите аспекти за кои се залагаа Министерството и Советот за македонски јазик? Кои ќе бидат најважните придобивки од негово донесување?

Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и верувам дека неговото донесување ќе биде поздравено од пратениците кои, како и ние, ќе ја препознаат улогата на новиот Закон во справување со алармантната, неправилна употреба на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо, како и непочитување на законските мерки од постојниот Закон од 1998 година и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа.

Имаме обврска, секој од нас да се справуваме со занемарувањето на правописните норми и нивно несоодветно користење кога се појавуваат нови јазични и лексички појави во јазикот, нелекторирање или нестручно лекторирање книги и текстови од кој било вид, нефункционалност на наставните планови и програми во реализацијата на наставата по македонски јазик на сите образовни степени, што придонесува за постигнување слаби резултати во изучувањето и во совладувањето на македонскиот јазик. Посебно се забележуваат неправилности во говорниот израз, особено во медиумите. Ние и во овој момент имаме Закон кој нуди многубројни решенија и механизими за градење на соодветна јазична политика. Но, потребно е тие да се прошират за да одоговорат на предизвиците на новото време, на новите јазични форми, на странцизмите кои преку интернетот се одомаќинуваат како „диво месо“.

Со измените на Законот за употреба на македонскиот јазик ќе се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилично писмо. Се проширува опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката. Задолжително ќе се лекторираат меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, но задолжително ќе се лекторираат и публикациите и учебниците што се издаваат на македонски јазик, магистерските и докторските трудови што се напишани на македонски јазик, како и тие што се преведуваат на македонски јазик од други јазици, плакатите, летоците, проспектите, рекламниот материјал, називите на производите, амбалажите, упатствата, декларациите, сертификатите, лекарствата, сметките, фактурите, уплатниците, потврдите и слично. Задолжително лекторирање врши само лектор со лекторска лиценца.

Со предлогот на Законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.

За вршење инспекциски надзор над примената на новиот Закон се предлага основање Инспекторат, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице. Инспекторатот ќе биде фокусиран на инспекциски надзор исклучиво од аспект на примената на македонскиот стандарден јазик. Секое непочитување повлекува санкции.

Министерството за образование и наука ќе објавува конкурси за стипендирање кадри за изучување на македонскиот јазик.

Законската регулатива и нејзиното спроведување се дел од средствата чија цел е квалитативно унапредување на употребата на македонскиот стандарден јазик во јавниот живот. Подигањето на општото ниво на јазична култура, негувањето и развојот на македонскиот стандарден јазик како значајно и препознатливо обележје на македонскиот народ, е нешто во кое мора сите да учествуваме, со постојана свест дека јазикот е нашиот темел, нашиот идентитет, нашата Татковина.

И додека граѓаните уживаат во промотивните активности за македонскиот јазик, навидум на маргините, но сепак на очиглед на јавноста се случува кавга меѓу македонскиот џез и македонската филхармонија? Што е суштината на проблемот? Дали верувате дека можно решение?

Проблемот беше технички, просторен, но тој исфрли на површина други појави и синдроми со кои ќе треба културната фелата и тоа како да се позанимава, пред сѐ во интерес на македонското творештво и македонската уметност. Мислам на недостатокот на соработка. Мислам на појавите на отфрлање на другиот наместо подавање рака, на исклучивоста и еднонасочната комуникација наместо водењето дијалог и барањето решенија, на субјективноста наспроти помагањето. Во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе. А простор и опрема? Тоа лесно се решава.

Всушност, во оваа ситуација дојде до недоволно, не сакам да помислам дека тоа беше намерно, информирање на вработените во Филхармонија за тоа што всушност значи “употребата” на нивната адреса за формирање на новата НУ. Да напоменам, употребена е само адресата административно и формално правно. Објектот на Филхармонија е државен имот, да, но е даден на трајно користење на НУ Филхармонија. И нема друга одлука на Влада која го побива тоа. За формирање на нова национална установа потреба е адреса од државен имот додека да се комплетира администравното формирање. Иако ова беше објаснето на сите состаноци со Синдикатот при Филхамронија, ИО и дел од вработени, сепак постои силна причина да се искривуваат фактите. Во еден наврат јас и закажав состанок со сите вработени во Филхармонија со цел се ова да се избегне бидејќи културата не смее да биде мета на препукувања кои не доликуваат и кои одамна се надминати во културата.

Во последната нивна реакција, Елаборатот за формирање беше предмет на расправа. Па еве. Елаборатот за основање на НУ Џез оркестар е јавен документ, достапен во секое време и секому на веб страницата на е-влада, објавен веднаш кога е донесена одлуката и оттаму тој елаборат не е никаков таен документ.

Секоја Одлука за формирање на нова установа мора да биде пропратена со елаборат кој, пред сè, ја опишува оправданоста за формирање на Установата. Да, во елаборатот се наведува објектот Филхармонија, но во елаборат не се наведува од каков карактер (трајно или времено). Во Образложанието на Одлуката , кое е пропратен документ на самата Одлука, стои дека просторно времено ќе се смести до целосно формирање на  новата НУ. Исто така, во Одлуката наведено е дека објектот е даден на Филхармонија на трајно користење. И да потенцираме – правна сила има Одлуката, која е објавена во Службен весник, а не Елаборатот.

Во земја која заедно ја градиме како едно општество за сите, среде главен град кој е Град на солидарноста, мораме да најдеме начини да се почитуваме и помагаме едни со други многу повеќе. А простор и опрема? Тоа лесно се решава.

Какво е вашето мислење за присутноста на темите и настаните од културата во медиумите? Кој е вашиот придонес на ова поле?

Би сакала културата да е поприсутна во медиумите. Недостигаат емисии каде ќе се разговара на културно и уметничко ниво. Кога станав министерка, еден новинар ми рече: министерке ајде културата да ја вратиме како претпоследен прилог во вестите. Не знам дали успеваме. Верувам дека активностите за одбележување на македонскиот јазик заслужија многу повеќе од тоа. И знам дека се трудиме секаде да нѐ следат новинари или ние да известуваме. Некогаш поттикнуваме убави случувања, некогаш отвораме тема за истражување, но токму тоа е она што е вредно за публиката.

Сакам да верувам дека културата ќе ни помогне во овие предизвикувачки времиња и дека повторно ќе стане прибежиште каде народот си го наоѓа своето убаво, без разлика дали во театрите, музеите, концертни сали или преку различните видови медиумски платформи.

Она на што особено се радувам е што се зголемува бројот на присутна публика на културните настани. И што сѐ повеќе публика имаме на македонските перформанси во странство. Таков пример е последната изложба во Кунстхале, Виена каде ТВ екипи од Македонија ги следеа настаните во живо, а изложбата ја посетија повеќе од 1000 посетители. Денес бев сведок исто така на ТВ прилог за премиера во Театар Комедија. Сакам да верувам дека културата ќе ни помогне во овие предизвикувачки времиња и дека повторно ќе стане прибежиште каде народот си го наоѓа своето убаво, без разлика дали во театрите, музеите, концертни сали или преку различните видови медиумски платформи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира