Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[ВИДЕО] Ветеровски од Царинска Управа: Преговорите со ЕУ отвораат нови пазари и овозможуваат поголем економски раст

Во процесот на приговори ќе мора да ги прифатиме царинските стапки во висина кои што се еднакви со оние на Европската Унија. Тоа значи дека за определени производи ќе има понатамошно намалување на стапките на царина за поевтини стоки за граѓаните и поевтини суровини за компаниите, вели во интервју за Рацин.мк Златко Ветеровски, помошник директор во Царинската Управа на Северна Македонија. Ветеровски вели дека процесот бара големо вложување, меѓутоа придобивките се поголем пристап до пазарот на ЕУ и поголеми и олеснети можности за увоз и извоз.

Царинската унија и прилагодувањето на царинското законодавство кон законодавството на ЕУ е едно од поглавјата во преговарачката рамка за членство во ЕУ. Што се ќе опфатат овие проговори?

Ветеровски: Процесот на преговори за членство во Европската Унија, односно прилагодувањето со законодавството и правното наследство на ЕУ е поделено на 35 поглавја, или по новата иментолологија во 6 кластери, од кои што едно од поглавјата е царинска унија. Зошто е тоа важно за нас царинската управа и воопшто? Затоа што Европската Унија е започната како царинска унија, а она што го доживуваме денеска е политичка унија и од тој аспект има многу висок степен на закони и пописи кои ние треба да ги усвоиме и да ги прилагодиме. Царинската унија е една од клучните поглавја во процесот на преговори, бидејќи го опфаќа процесот на слободно движење на стоки и размената која што треба да се случи со земјите членки на Европската Унија.

Каква е состојбата во Царинската управа однос на прилагодувањето кон Европската регулатива?

Ветеровски: Од она што е кажано во Извештајот, поглавјето царинска унија  покажува висок степен на усогласеност. Што тоа значи?  Дека основа во суштина претставува Царинскиот закон и Законот за царинска тарифа. Зошто е тоа важно? Царинската тарифа всушност ги определува начинот на распоредување на стоки и царинските стапки, начинот на царинење, каде што ние имаме исклучително висок степен на усогласеност, односно со комбинарината номенклатура сме 100% усогласени а исто така со и царинското законодавство кое што во суштина ги кажува постапките како тече увозот, извозот, транзитот на стоки, постои висок степен на усогласеност. Она што е најважно и што треба да се спомене за пошироката јавност е дека овој процес на реформи и прилагодување во суштина значат многу за нас како држава и за економските оператори, за граѓаните, бидејќи колку поблиску сме усогласени со европското законодавство и кон процесот на реформи, толку се поголеми погодностите за македонските компании. Со оглед на тоа што во вкупната надворешна трговска размена, 65% од вкупната размена се случува со земјите членки на Европската Унија и од таму е за нас клучно да имаме што повисок степен на усогласување и што подобро применување на тие практики.

Овој процес на реформи и прилагодување во суштина значат многу за нас како држава и за економските оператори, за граѓаните, бидејќи колку поблиску сме усогласени со европското законодавство и кон процесот на реформи, толку се поголеми погодностите за македонските компании.

Колку сите измени кои ќе следат ќе влијаат на македонските компании?

Ветеровски: Во процесот на прилагодување, процесот на преговори, во суштина се бара да се изврши законодавно прилагодување, прилагодување на административнот капацитет и на институтционалните капацитети. Во поглед на прилагодување на законодавството ќе треба да се стремиме кон многу висок степен на дигитализација која што сега ја имаме, меѓутоа ќе значи целосно укинување на хартијата и на целосно бесхартиено царинење, што е во суштина во прилагодувањето за компаниите ќе значи намалување на трошоците, скратување на времето за увоз и извоз што е бенефит, бидејќи тоа е едно поле, услов кој што го бара ЕУ и европското законодавство, висок степен на дигитализација. Во поглед на висината на царинските стапки, како што споменав претходно ние сега имаме 100% усогласување со комбинираната номенклатура на ЕУ, меѓутоа во процесот на приговори ние ќе мора да ги прифатиме царинските стапки во висина кои што се еднакви со оние на Европската Унија. Тоа што практично значи дека за определени производи ќе има понатамошно намалување на стапките на царина, што во крајна линија ќе значи поевтини стоки за граѓаните и поевтини суровини за компаниите. Така да процесот бара големо вложување во поглед на интелектуален напор и на усогласување во процесот на дигитализација, набавка на софтвер и хардвер, меѓутоа крајната цел треба да биде поголем пристап до пазарот на ЕУ и поголема можност за увоз и извоз.

Со новата регулатива од 2026 година ЕУ ќе почне да наплаќа т.н “Јаглеродна такса” при увоз на стоки чие прозиводство е поврзано со високи емисии на СО2. Какво влијание ќе има новата регулатива на тргновските односи меѓу Македонија и ЕУ?

Ветеровски: Јаглеродната давачка или воопшто целокупното законодавство е дел од поглавјето на царинската унија, каде што е како дел од обидите за декaрбонизација на општеството и на Европската Унија со кои се предвидува елиминирање на големите загадувачи, односно воведување на таа јаглеродна давачка при извозот, односно при увозот на стоки во Европската Унија. Сега од 1 октомври македонските компании имаат обврска само да го искажуваат степенот на во наводници така кажано “лоша енергија” или енегрија која што е добиена од јаглен. Од 1 јануари 2026 година ќе треба да се наплаќа јаглеродна давачка при увоз. Меѓутоа тоа не треба погрешно да се разбере или компаниите да стравуваат, бидејќи во тој транзиционен период е предвидено, ако Северна Македонија воведе систем за оданочување на јаглеродните емисии кои што потекнуваат од необновливи извори на енергија, таа давачка да не се наплаќа при увозот во Европската Унија. Во овие периоди ние како држава имаме постигнато голем напредок, во вкупното учество на производството на енергија кое што е од обновливи извори, односно Северна Македонија има постигнато висок степен на декарбонизација и воопшто ние како Царинска управа во тој процес на прилагодување постојано ги советуваме компаниите како да ги намалат овие ризици за да не бидат подложени на плаќање на оваа давачка при извозот во ЕУ. Меѓутоа на крај она што е конкретно важно да се каже, дека сите тие напори придонесуваат воопшто за поголема употреба на зелената енергија, што во крајна цел би значело почист воздух, почиста животна средина во која што сите ние настојуваме да бидеме, така да тој ефект треба да е пред се воведен од ЕУ како еден вид водилка или насока за помош на земјите кандидтати за членство, за да се повеќе и повеќе да ги следат тие трендови за декарбонизација во Европската Унија.

Усогласеноста на националното законодавство со правното наследство на ЕУ е важен показател за спремност за членство во ЕУ. Како би го оцениле досегашниот остварен степен на усогласување и прилагодување кон законодавството и прописите на ЕУ?

Ветеровски: Во процесот на скрининг, кога започнаа и преговорите, се испитува, и се презентира какви се сите национални закони, колку е нивната усогласеност со европското законодавство. Она што е потврдено и во извештаите за напредокот и неформално во извештаите од скринингот е дека Царинската Управа и Царинската унија имаат висок степен на усогласеност и таа оценка се провлекува некаде во овие последни 5-6 години како едно од поглавјата каде што е постигнат висок степен на хармонизација. Ова ви го кажувам затоа што историски  ЕУ е почната како Царинска унија, во 1968 година и постои веќе 55 години. Така да кај нас и она што го сакам да го пренесам е дека преговорите во суштина не се преговори во една класична смисла, него тоа е еден процес на разговор во кој што вие кажувате колку од вашето законодавство и не само законодавство туку и административните, оперативните капацитети се усогласени. Така да тука нема никакви ни попусти ни добивки, него колку побрзо ние ги направиме внатрешните реформи, односно колку побрзо ги усвоиме европските прописи, колку побрзо гу усвоиме европските практики, колку побрзо имаме дигитализација на севкупните постапки, толку побрзо ќе бидеме спремни во тој процес на преговори.Така да заклучокот е дека има високо ниво, меѓутоа тој еден процес кој што постојано се менува.

Она што е потврдено и во извештаите за напредокот и неформално во извештаите од скринингот е дека Царинската Управа и Царинската унија имаат висок степен на усогласеност и таа оценка се провлекува некаде во овие последни 5-6 години како едно од поглавјата каде што е постигнат висок степен на хармонизација.

Какви се Вашите искуства во процесот на усогласување со ЕУ законодавството, со оглед на тоа што сте многу долго во оваа област, што беа предизвиците, а кои се придобивките?

Ветеровски: Големи се предизвиците од причина што се бара големо инвестирање. Законодавството како такво е многу лесно, вие можете да го препишете, меѓутоа најголемиот предизвик што го бара Европската Унија во процесот на преговори, тоа се испитува и на лице место, е колку земјата односно царината има капацитет да го спроведе тоа законодавство во сите практики. Така да најголем предизвик за нас, бидејќи ние не постоиме само за нас туку и за компаниите, за граѓаните е процесот на дигитализација бидејќи во ова ново економско опкружување, ЕУ постојано бара дигитализација на сите постапки за увоз и извоз, елиминирање на хартијата.. Кај нас со воведување на системот за електронска обработка на податоци, имаме висок степен на дигитализација, меѓутоа сметајќи дека во тој процес ние сега сме некаде, имаме усвоено 3 системи од вкупно 11-те системи што се ИТ на Европската Унија во поглед на слободното движење на стоки и царината. Така да тоа во суштина е за нас најголем предизвик, кој што ќе бара финансиски средства за инсталирање на тие системи и поддршка на компаниите.

Која е најголемата предност за Македонија и конкретно на макеоднските компании од отварањето на преговарачката рамка и кандидатскиот статус за членство во ЕУ?

Ветеровски: Најголемата предност која што често пати економските оператори и компаниите ја знаат се овие три системи во  тој процес на забрзана интеграција. Ние веќе користиме некои од системите на ЕУ, пред сѐ би го спомнал еве новиот компјутеризиран транзитен систем, како да сме земја членка. Односно движењето на транспортните средства, на камионите, помеѓу Северна Македонија и ЕУ, се врши врз основа на тој европски транзитен систем. Односно што тоа практично значи? Тоа практично значи дека еден македонски извозник, со еден транспортен документ или транзитен документ кој што се отвара во нашата земја, може да излезе стоката до било која земја членка на ЕУ, без да вади никакви дополнителни документи. Тоа е најголемиот бенефит бидејќи тоа го користат сите поголеми компании бидејќи ние во областа на транзитот, тука исто така е од соседството и Србија, имаме транзитна царинска постапка, исто како да сме членки на Европската Унија. А второ таков бенефит што се користи е интегрираната тарифна околина која што е тарифен систем на Европската Унија, која што за компаниите овозможува многу погодности во поглед на намалување на времето за увоз и извоз, бидејќи они ги користат тие погодности исто како да сме ние членка на Европската Унија. Со тоа исто така ќе се постигне со воведувањето на новиот  едношалтерки систем, со кој што постоечкиот систем на дозволи за увоз и извоз, ќе бидат електронски издавани.  И на тој начин, компаниите ќе можат да ги имаат тие погодности, односно во сегашниот процес нели на новиот план за раст на Западен Балкан и забрзаната интеграција како единствениот пазар на ЕУ. Она што ние треба да го направиме и она што компаниите треба да го имаат во предност е што сега сите македонски компании при извозот во ЕУ не плаќаат никакви давачки, царински збориме. Меѓутоа сеуште се насочени кон добивање на некои дозволи, сертификати, кои што со овој процес на прилагодување, односно со забрзаната интеграција која е единствениот пазар, ќе може да има меѓусобно признавање на нашите документи што се за компаниите, односно елиминирање на некој вид на тие не-царински бариери ќе значи уште поголем пристап. Да не заборавам, ЕУ е нашиот најголем трговски партнер и ние во суштина мораме да ги правиме како царина сите напори, за да компаниите имаат што полесен пристап со европскиот пазар, и во поглед на увоз, и во поглед на извоз.

Во изминатите 10 години се искористени некаде околу 35 милиони евра, кои што со европски пари се реконструирани граничните премини Табановце, Ќафасан, Блаце. Сега сме во процес на отварање на Маркова Нога, Делчево. Тие сите погодности, тие европски парични средства значат, можност за побрз проток на стоките и на патниците.

Кои се финансиските погодности од процесот на прилагодување и хармонизација на законодавството со ЕУ?

Ветеровски: Големи се погодностите, и за царината и за компаниите. Пред сѐ би сакал да кажам она што е важно за царината. Ние во овој период имаме пристап до европските предпристапни фондови, т.н ИПА. Во изминатите 10 години се искористени некаде околу 35 милиони евра, кои што со европски пари се реконструирани граничните премини Табановце, Ќафасан, Блаце. Сега сме во процес на отварање на Маркова Нога, Делчево. Тие сите погодности, тие европски парични средства значат, можност за побрз проток на стоките и на патниците. ЕУ го нуди концептот на т.н паметни граници, односно во иднина со новиот компјутеризиран транзитен систем стоките ќе влегуваат во ЕУ со т.н QR код, односно вие веќе само ќе имате на мобилен апарат, ќе го прикажете QR кодот, и на тој начин стоките, камионот ќе може да влезе во некој земја што е членка на ЕУ. За компаниите, погодноста е тоа што тие немаат никакви давачки, во поглед на увозот кон Европската Унија, со процесот на Овластен економскиот оператор и постапката за меѓусебно признавање со ЕУ ќе биде овозможено да оние компании што имаат статус на доверливи компании, кои што е докажано дека ги почитуваат прописите од ЕУ, исто така, нема да бидат подложни на никакви дополнителни контроли. Односно целта е да вие можете што побрзо да ги транспортирате стоките, во овој период кога нели се соочуваме со енергетска криза, со транспортни кризи, а знаеме дека сме ние први соседи на ЕУ, тоа за компаниите ќе значи многу поголеми можности за нови пазари, за нови купувачи и за поголем економски раст и развој.

Треба да знаете
Moже да ве интересира