Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Евтино лепче и скапи цигари

Љубиша НИКОЛОВСКИ

„Власта не остави без леб“, повика ВМРО-ДПМНЕ и настана паника меѓу граѓаните, меѓу трговците, меѓу пекарите и мелничарите. И навистина не само евтиниот леб, што беше таргет на власта, но леб воопшто снема. За кратко додуша, но немаше ниту ефтин, ниту скап.

Но, откако Владата  сепак опстои на определбата лебот да поефтини во интерес на граѓаните (и покрај заканите за тужба од страна на мелничко пекарските здружениија), ефтиниот леб се врати на полиците и на големите супермаркети. Во помалите пекари пак тој „падна“ и под онаа од власта утврдена цена од 32 денари. Значи можело.

Но откако „лебната драма“ заврши со среќен крај, аплауз нема. Напротив се случува – јавна штама. Сите си молчат. Преовладува една медиумска психологија демек, „така треба да биде, што има да се коментира, да не треба и фала на власта да и кажеме“.

Така е, ама медиумите не останаа глуви и резервирани на психозата што ја создаваше ВМРО-ДПМНЕ и пекарските здруженија. Тие останаа во пакет со континуираното труење на граѓаните во недоверба во институциите на државата. Тоа ли е целта на овие актери во политичкиот и социјален живот, да не и веруваме на државата, туку на ВМРО-ДПМНЕ, кое патем никогаш не дава свои решенија на некој проблем!

Се обидувам да замислам каков хаос би настанал ако власта, наместо да се бореше за поефтин леб, да речеше – цигарите ќе поскапат за дупло. Со каква реакција би се јавило ВМРО-ДПМНЕ. И како би реагирале граѓаните. Што повеќе би ги заболело, што нема ефтин леб или дека цигарите ќе бидат поскапи. Од што попрво би се откажале, од евтино лепче или од скапите цигари?!

Ние сме во основа добар, но сепак лицемерен народ. При тоа мислам на онаа средна класа граѓани. која и не е најсиромашна и која е најбројна, каде работат и двајцата сопружници. Тие најмногу кукаат од секое поскапување. Ама од секојдневните удобства не се откажуваат. Во цената на едно пакло цигари на пример има 4 векни ефтин леб. Намерно не сакам да множам колку леба има ако двајцата сопружници пушат и ако пушат по две кутии цигари на ден. Не само леб, со тие пари има цел ручек за смејството. Но никој не се откажа од пушењето за сметка на лебот.

Потрошувачката на бензинот кога беше најскап, во шпицот на  енергетска криза, не се намали ни за еднен литар. Сите ние си возевме како ништо да не се случува. На градските паркинзи место не можеше да се најде, а кафеаните полни. А таму внатре, додека си кркаат скапи мезиња и пијат модерни кафиња, сите „мрчат“ дека  сè поскапело.

Затоа велат овој народ не е да му дадеш, нема да забележи. Треба да му земеш, па да му дадеш.

Тоа толку вешто го правеше еден наш сограѓанин кој моментално е на привремена работа во Унгарија. Тој ја применуваше психологијата на човекот во однос на здравјето. Имено здравјето не го почитуваш, зашто го имаш. Но штом го загубиш, молиш бога да ти се врати и тогаш ништо друго не ти е поважно. Ни пари, ни секојдневните обврски и нервози, ниту смејните кавги и недорзабирања…

Дури ниту кој е на власт.

Некои така сакаат да владеат, пак.

Зачлени се на нашиот е-билтен