Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Секоја политичка игра има почеток и крај

Дека сѐ e контингентно и подложно на преговори е закономерност во политиката. Од друга страна, било каков крупен пост-изборен компромис закономерно создава крупни ризици по интегритетот на изборните ветувања и доколку се случи, најчесто води во крупно разочарување и раслојување на членството и партијата.

Тони ПОПОВСКИ

Дека сѐ e контингентно и подложно на преговори е закономерност во политиката. Од друга страна, било каков крупен пост-изборен компромис закономерно создава крупни ризици по интегритетот на изборните ветувања и доколку се случи, најчесто води во крупно разочарување и раслојување на членството и партијата.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со оваа реторика и непопустливост по однос на уставните измени, сосема свесно го намалува сопствениот простор за компромис и евентуална пост-изборна поддршка на уставните измени,  направена во име на неопходно, не само квалитативно туку пред сѐ квантитативно партнерство за создавање на Влада со некоја партија или групација од веќе поприлично фрагментираниот албански политички камп. Некој ќе рече дека во име на владеење и поврзаните привилегии и реална моќ, водството на ВМРО-ДПМНЕ ќе им „протне“ и совршено тежок компромис на сопствените членови и подржувачи, а особено на оние кои се првенствено „клиенти“ на партијата,  но атмосферата е толку зовриена што нема гаранција дека партијата успешно ќе го исконтролира и „преживее“ бесот предизвикан од разочарување на поширока група на воспалени подржувачи. Со други зборови, партијата е многу блиску да ја преигра сопствената политичка игра. Притоа, Влада без партнер од албанскиот политички камп е теоретски можна, но исклучително ризична по внатре-политичката стабилност на Републиката.

Влада без партнер од албанскиот политички камп е теоретски можна, но исклучително ризична по внатре-политичката стабилност на Републиката.

Левица и донекаде Алијансата на Албанците се две неизвесни варијалби во тековната политичка игра.  Особено вторите се во комплексна ситуација, бидејќи како самостојна партија и во минатото и сега заостануваат зад ДУИ, како партија која безмалку во континуитет има популарност барем кај половина од избирачите Албанци, но благо заостануваат и зад новата коалиција на БЕСА со екс БЕСА и екс ДУИ фракциите. Последниве, фракциите од БЕСА и ДУИ наспроти БЕСА чија врата за партнерство со ВМРО-ДПМНЕ е највидливо подотворена, се истотака значајна трета варијабла, и од нивните наративи се стекнува сознание дека условот за партнерство повторно се уставните измени, впрочем на новата групација и дадоа префикс Европска.

Левица, е практична варијабла само доколку ВМРО-ДПМНЕ е подготвена безмалку целосно да се отуѓи себеси, но и да ја отуѓи државата од семејството на либерални демократии и членството во НАТО. Емоционално придвижен макијавелизам во смисла по секоја цена да се владее,  па ако мора и со Левица, носејќи ги СДСМ и ДУИ во опозиција, ќе не воведе во состојба на тешко управливи внатрешно – политички и социо-економски ризици.  Составување на таква Влада ќе биде краткорочна и пирова победа.  Истото се однесува и на БЕСА со фракциите од БЕСА и ДУИ, доколку во име и од интерес за владеење, се откажат од можноста да повлијаат за исчекор на европскиот пат преку донесување на уставните измени.

Наредна, четврта но не помалку значајна варијабла е изборниот капитал од 8 – 9 пратеници на сите помали партии од македонскиот политички камп, од кои барем досега, две третини произлегуваа од заеднички предизборни листи. Преостаната близу една третина на последните собраниски избори ја артикулираше Левица. Сепак во моментов, динамиката во кампот на „помалите“  е суштински раздвижена.

Левица од своја страна го надградува почетниот политички капитал кој беше создаден врз антиестаблишмент сентимент,  присутен и претходно во аполитични кругови на избирачи, со нова и агресивна политичка понуда, особено за младите и осиромашени делови од населението кои најдиректно ги чувствуваат последиците од продлабочените социо-економски нееднаквости. Левица сѐ уште црпи околу 15% поддршка од избирачи кои активно учествуваа во „Шарената револуција“, но политичката понуда е проширена и првенствено упатена кон реакционерни и радикални делови од населението кои апстинираа на последните собраниски избори. На овој начин Левица ја компензира потенцијално намалената излезност на разочараните “шарени револуционери“  – иницијални поддржувачи на тековнаата Влада, со нов базен радикализирани избирачи. Оттаму и заедничкиот наод во низа последни анкети на јавното мислење, е дека излезноста ќе биде над 55%.

Интересен за понатамошна анализа е токму базенот на разочараните “шарени револуционери“ како потенцијални избирачи. ВМРО ДПМНЕ и Левица имаат многу ограничен пристап и во основа, несоодветна политичка понуда за нив. Се работи првенствено за базен на потенцијални избирачи од средна класа и со повисок степен на образование, во Скопје и поголемите градови, без оглед на етничката припадност.

Интересен за понатамошна анализа е токму базенот на разочараните “шарени револуционери“ како потенцијални избирачи. ВМРО ДПМНЕ и Левица имаат многу ограничен пристап и во основа, несоодветна политичка понуда за нив. Се работи првенствено за базен на потенцијални избирачи од средна класа и со повисок степен на образование, во Скопје и поголемите градови, без оглед на етничката припадност.

Од своја страна, СДСМ и помалите партии кои останаа лојални на владеачката коалиција, иако свесни за разочарувањето токму од нив, се обидуваат да ги вратат овие избирачи, нудејќи меѓуетнички Европски фронт и реторика со гласни предупредувања дека пораз на претстојните избори би значел целосна ревитализација на амбиентот кој впрочем ја предизвика „Шарената револуција“, но и други тешко управливи ризици.

Проблем со оваа тактика е дека не донесе резултат на локалните избори и неизвесно е дали еднаш поразена тактика ќе донесе резултат на претстојните собраниски избори. Клучната супстанца во оваа тактика е создавањето на впечаток за „безалтернтивност“ односно дефинирање на изборот помеѓу две алтернативи, таа на Европскиот Фронт и другата на ВМРО-ДПМНЕ со Левица. Во многу нешта, слична е и тактиката на вторите, која од своја страна сепак обезбеди успешен резултат на локалните избори, каков што имаа и листи на здруженија на граѓани кои произлегоа од  шарените револуционерни процеси и кругови. Последново е индикативно за привлечната моќ на „градските каузи“ какви што се човекомерниот и зелен урбанизам, бескомромисната заштита на животната средина и не помалку значајното „Нема правда нема мир“ односно владеењето на правото и ефективното спречување на корупцијата.

Дека „безалтернативноста“ е симулакрум, докажува алтернативната понуда која ја пласира партијата на Максим Димитриевски како и обидот низ „Солуција“ на Никола Димитров да се реартикулира изворната понуда кон „Шарените“. Но и овие две понуди имаат свои хендикепи.

Дека „безалтернативноста“ е симулакрум, докажува алтернативната понуда која ја пласира партијата на Максим Димитриевски како и обидот низ „Солуција“ на Никола Димитров да се реартикулира изворната понуда кон „Шарените“. Но и овие две понуди имаат свои хендикепи.

Проектот на Димитриевски директно нурнува во базенот на избирачи на СДСМ низ понуда за ревитализација на прото-комунистичкиот конзервативизам и антифашизам како наследство на СДСМ, позиционирајќи се помеѓу понудата на Левица и сегашното центристичко водство на СДСМ.

Димитриевски и Димитров го нервираат СДСМ на ист начин како што Левица ја нервира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи си дозволуваат комфорно да нуркаат и пливаат, градно и грбно, да брануваат и да прават други нешта во базени врз кои сопственичко право полагаат „големите“.  

Од друга страна, солуцијата или решението на Димитров е да се привлечат сите околу каузата за враќање на правдата дома, но и да се чека на враќање на правдата во Брисел, отфрлајќи ги уставните измени преку кревање на „рачна“, се додека Брисел не доживее политичка епифанија, просветлување, искрено каење и давање свечена заклетва дека од сега натаму ќе се придржуваат до златниот стандард во процесот на проширување, и тоа сите до еден, а не како досега сите без еден (двајца). Димитров и ценетата дружина околу него покрај реалната шанса да воскрснат дел од „Шарените“ на кои каузите им се примарни, само теоретски  може да ја донесат правдата без да се отвори и успешно затвори поглавјето за Владеење на правото. Да можеше поинаку, досега ќе ја донесевме „Европа дома“.

Бидејќи и овие две алтернативни понуди нема да привлечат значаен дел од преостанатиот базен на „Шарените“ останува можноста овие избирачи да бидат енергизирани со понуда која ја носи правдата дома, но, истовремено го одглавува патот кон ЕУ. Оваа понуда е поблиска до таа на Европскиот фронт, но сепак со можност од независна позиција да повлијае за порешително придржување кон граѓанските каузи и нивно поефикасно исполнување.

Moже да ве интересира