Црениот крст ќе додели по 2.400 евра на 240 семејства на настраданите


На 240 семејства засегнати од трагедијата во Кочани, во следните денови ќе им бидат префрлени по 150 000 денари.

Станува збор за средства донирани на сметката на Црвениот крст на Македонија, од граѓани од Македонија и од странство, компании, локални самоуправи и државни институци, но имињата ќе бидат објавени откако ќе заврши донаторската кампања.

До денес, со донации се собрани 54 милиони денари (околу 874.000 евра) а само од телефонските повици собрани се 12 милиони денари.

Генералниот секретар на Црвен крст Македонија, Саит Саити рече дека семејствата сѐ уште немаат добиено парична помош бидејќи, согласно Законот за заштита на личните податоци, за префрлување пари потребни им се матичен број и писмена изјава со своерачен потпис, кој ги дава податоците.

Покрај Црвениот крст, акции за собирање средства за настраданите во Кочани се организирани и преку платформата Е Крауд, на која до сега се собрани пет милиони денари, како и на Го фунд ми, на која досега собрани се 110 000 долари. И младите од Кочани креираа вебсајт за директна финансиска помош на членови на семејствата на повредените кои се лекуваат во земјава и во странство. На интернет адресата supportkocani.com се објавени трансакциски сметки на 78 лица потпишани со име и презиме и секој донатор може да избере кому и колку пари ќе префрли преку својата банкарска сметка.

-Не би било добро црвениот крст да ги критикува други акции за собирање средства, за да не бидеме сфатени дека сакаме ние да бидеме единствени. Ние не би се осудиле како Црвен крст да користиме личен податок на некого и да го објавиме, за некој да го користи. Бидејќи не знаме утре што може да се случи, може да бидат предмет и на измама. Црвениот крст ќе се придружува до законот, и по цена да бидеме критикувани. – Саит Саити- Генерален секретар на Црвен крст Македонија

Саити напомена дека интересот за донирање се уште е голем, поради што сметката за и телефонсите броеви ќе останат отворени и понатаму.

Зачлени се на нашиот е-билтен