Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем

Денес, 4 јануари, се одбележува Меѓународниот ден на Брајовото писмо и образованието на лицата со попречен вид, како потсетување за важноста на пристапот до образование и инклузија за сите.

Од Коалицијата „Менуваме“ истакнуваат дека, иако Брајовото писмо е загарантирано со меѓународни документи, во образовниот систем на Македонија, освен во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје, тоа е скоро невидливо. Коалицијата наведува дека направиле евалуација која открила дека илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо, што се должи на недостатокот на негово учење во редовните училишта и неговото невидливо присуство во институциите.

Според Коалицијата, ова е во спротивност со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија, кои гарантираат еднакви права за сите. Принципот „Не оставај никој зад себе ВИДИМЕ“, кој е основен дел на Агенда 2030 и Целите за одржлив развој, ја нагласува потребата за поголема инклузија и пристапност.

Во рамки на новиот регионален проект, Коалицијата „Менуваме“ ќе работи на поттикнување на регионалната размена на искуства и ќе им помага на националните актери во Македонија и регионот да го унапредат социјалниот дијалог за Целите за одржлив развој. Проектот се фокусира на создавање стратегии и методологии за задоволување на основните потреби на лицата со попречен вид, како и обезбедување на услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството.

Зачлени се на нашиот е-билтен