Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кираџиева против Апасиев: Насилството мора да биде санкционирано, не може криење зад пратенички имунитет

Весна Кираџиева која беше кандидатка од Левица за градоначалник на Општина Аеродром го осуди физичкиот напад во македонското Собрание. Апасиев и Крмов ги опиша како искомплексирани и исфрустрирани поединци.

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев покажа вистинско простотилак во македонското Собрание со физичкиот напад и вербалната расправија стигнуваат реакции на социјалните мрежи. Меѓу многуте кои објавија против Апасиев беше и поранешната кандидатка за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на Левица, Весна Кираџиева.

Таа не го оправдува насилството и напиша дека мора да биде санкционирано. Апасиев и Крмов ги опиша како искомплексирани и исфрустрирани поединци.

Насилството кое го промовираат извесни пратеници во Собрание мора да биде санкционирано во иднина. Не може да се кријат под заштита на пратенички имунитет и ние да трпиме одвратни насилнички сцени на неколку искомплексирани, исфрустрирани поединци, напиша Кираџиева на платформата Икс.

Зачлени се на нашиот е-билтен