Кој е младиот човек што беше застрелан со неколку куршуми кај Бит Пазар?

31-годишниот Алајдин Сулејмани од Арачиново им подлегна на повредите здобиени во вооружен инцидент што се случи вчера попладнето кај Бит-пазар во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 14 часот, две групи од по пет до шест лица размениле истрели во близина на полициската станица Бит-пазар. Сулејмани, кој беше тешко повреден во престрелката, беше пренесен во скопскиот Клинички центар, каде што подоцна почина.​

Според неофицијални извори, Алајдин Сулејмани е син на Назим Сулејмани-Аруша, поранешен командант на ОНА од Арачиново, кој почина во 2018 година. Во моментов, нема дополнителни информации за мотивите зад инцидентот или за тоа дали се уапсени осомничени лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен