Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мехмедовиќ: Метапневмовирусот не претставува нов Ковид-19, засега состојбата е под контрола

Метапневмовирусот е стар вирус кој циркулира главно во зимските месеци и не треба да предизвикува паника, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Овој вирус е добро познат. Нема основа за страв дека ќе се развие во нешто слично на Ковид-19. Не очекуваме повторување на сценариото од 2020 година со Сарс-КоВ-2, истакна Мехмедовиќ.
Тој додаде дека за метапневмовирусот нема достапна вакцина, но и смртноста е многу ниска, далеку пониска од грипот. Компликациите се ретки и обично се јавуваат кај деца под две години или кај лица со ослабен имунитет.

Симптомите вклучуваат кивање, кашлање, зголемена температура, секреција и болки во зглобовите, слично на грипот. Вирусот се пренесува преку близок контакт, допир на контаминирани предмети и потоа допирање на уста, нос или очи. Најчесто предизвикува горнореспираторни инфекции, а поретко ги зафаќа долните респираторни патишта.

Мехмедовиќ потврди дека нема зголемена потреба за активност на Комисијата за заразни болести и дека ситуацијата е под контрола.

Зачлени се на нашиот е-билтен