Миленко Неделковски им посака на учесниците на протестот „Кој е следен?“ смртта на нивните најблиски некои други да ja злоупотребуваат

„Да даде Господ на смртта на најмилите на денешниве што протестираа, некои други да злоупотребат и да протестираат. За да видат како е.“

Ова е пораката на Миленко Неделковски до учесниците на вчерашниот протест „Кој е следен?“ на кој излегоа неколку илјади граѓани со маршот им оддадоа почит на жртвите од Кочани и побараа суштинска промена.

„Не козметичка, не привремена, туку вистинска, суштинска, системска промена“, порачаа од протестот.

Неделковски во својот текст оцени дека протестот „рикнал“ и дека бил организиран од „платеници“.

Зачлени се на нашиот е-билтен