Моќен збор од седум букви, клучен во воспитувањето дете

Има зборови со коишто родителите навистина може да му наштетат на детето, или – на односот со децата. Но, има и зборови што може да ублажат одредена состојба, на пр. нешто што го загрижува детето во мигот, или нешто што треба да го смири за да може понатаму да зборува за тоа.

„Методот 1-2-3“ за воспитување, според порталот „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today), е особено делотворен за „непослушните деца“, т.е. за оние нетрпеливите. Психологот Робин Кословик го сподели своето искуство со користење на еден важен, но моќен збор што често го забораваме при воспитувањето и влијанието врз детето… Тој збор е прилично едноставен, според неа, и го смирува детето, го учи на трпение, а поставува и граници.

Тој збор е: Подоцна.

  • Тоа е збор што може да биде „трауматичен“ и за многу родители – ако пораснале во дом каде што „подоцна“ всушност значело „никогаш“. Многу родители го прават тоа и денес – но, во тој случај, овој збор нема да донесе ништо добро. Ако како родители сме научиле дека нашето барање за нешто може да доведе до отфрлање или лутина, понекогаш овој збор може да биде лош збор, истакна Кословик.

Кога изговарањето на зборот „подоцна“ може да биде погрешно? – Кога ќе покрене спомени на игнорирање или заборавање. Или ако изгледа како отфрлање, а не уверување, или неисполнето ветување, ако се изговара со значење – никогаш. Но, и ако предизвикува чувство на вина, а напротив, родителот сака да им докаже на своите деца дека нивните потреби му се важни.

Меѓутоа, ако се користи правилно, овој збор всушност, воопшто не мора да значи дека ги отфрлате потребите на детето, туку сосема спротивно: Го учи детето на трпение, емоционална регулација, граници и доверба. Сѐ тоа, понекогаш, е пожелно, значајно и важно.

Зачлени се на нашиот е-билтен