Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Над 7.000 граѓани маршираа за правда за Фросина

Со пораката „Правда за Фросина“, повеќе од 7.000 граѓани вечерва маршираа низ Скопје, барајќи одговорност за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова. Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, каде што на 29 јануари животот го загуби младата студентка, прегазена од пијан возач без дозвола.

Демонстрантите, предводени од семејството на Фросина, носеа транспаренти со пораки: „Безбедноста е право, не луксуз“, „Партизанска не е Формула 1“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“. Тие го продолжија маршот кон Собранието, Обвинителството и Кривичниот суд, упатувајќи јасно барање за правда и системски промени.

Гневот на јавноста дополнително се разгоре откако беше објавено дека сторителот, Васил Јованов, кој претходно бил гонет за поседување дрога, добил само воспитна мерка. Сестрата на Фросина, Росица Кулакова, од протест во Кавадарци порача дека мора да одговараат и родителите на сторителот и судијката која ја донела оваа одлука.

Ова е втор протест по ред, а граѓаните најавуваат дека нема да запрат додека не добијат правда.

Зачлени се на нашиот е-билтен