Ако размислувате да го посетите овој фасцинантен град, не се плашете од мирисот на сулфурот. Многу патници кои ја посетиле Ротопуа истакнуваат дека градот нуди многу побогати искуства и по неколку часа поминати во него, непријатниот мирис на сулфурот станува незбележителен, бидејќи убавината и културата нудат прекрасно уживање.

Ротопуа, лоцирана во Нов Зеланд, можеби мириса на расипани јајца, но истовремено е едно од најубавите места во светот.
Овој град е познат по својата неверојатна геотермална активност која создава величествени гејзери, термални базени, кисели езера и пејзажи кои изгледаат како од друг универзум. Иако природните убавини се фасцинантни, тие доаѓаат со недостаток – атмосферскиот сулфур создава непријатен мирис на јајца во секој дел од градот.
Посетата на “Портата на пеколот” е задолжителна за сите кои сакаат да ги уживаат неверојатните геотермални глетки. Овој комплекс не само што е одморалиште, туку и спа-центар каде што можете да се опуштите во базени со термална кал.
Ротопуа исто така е едно од првите места каде што домородните Маори се настаниле во Аотеароа (маорското име за Нов Зеланд). Геотермалната енергија во регионот им овозможила на Маорите да готват, да чистат и да ги загреат своите домови, а езерото Ротопуа им давало свежа вода.

“Портата на пеколот” исто така нуди уникатен поглед во традиционалниот начин на живот на Маорите, вклучувајќи можност за учење на маорска резба или дегустација на традиционално подготвениот “ханги” – оброк приготвен во земја користејќи природната топлина.
Друга значајна атракција е Те Пуја, традиционално маорско село, кое служи како основа за зачувување и промоција на маорската култура. Оваа локација служи и како простор за обука на младите Маори во традиционалните уметности, како што се резба, ткаење и изведувачки уметности.