Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Не се одржа првото рочиште за убиството на кучето Феликс, активистите го бркаа обвинетиот Љубе

Не се одржa првото рочиште за мачењето на кучето Феликс кај Момин поток, кое беше претепано и почина по два несеци лекување. Еден од обвинетите и неговите адвокати го немаа примено обвинителниот предлог ниту решението за мерката за обезбедување присуство. Адвокатот на обвинетиот побара време да ги разгледа доказите. Ова беше причина рочиштето да не се одржи бидејќи не беа исполнети условите за одржување главна расправа.

Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за кривичното дело „убивање и мачење животни“. Можат да добијат парична казна или затвор до три години. Поради ова, пред Кривичниот суд имаше протест каде беше побарано да се изрече затворска казна за двајцата обвинети.

„Државата која не превенира и санкционира, оправудва насилство. Затоа бараме зголемвуање на санкциите и воведување на нови квалификувани форми за извршување на ова дело. Покрај зголемувањето на казните бараме и засебно кривично дело борби со животни…“, рекоа меѓугудрогот активистите кои беа пред судот.

Крстевски беше однесен со амбулантно возило кај црквата „Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар. Разбеснетите активисти дотаму го бркаа, откако тој излезе од Кривичниот суд.

Според Слободен печат активистите за заштита на правата на животните го пресретнаа обвинетиот Крстевски кој излезе од задната врата на Кривичниот суд. Предната врата на судот беше блокирана за влез и за излез поради големиот метеж и присутните луѓе. Кога обвинетиот излезе од задната врата на судот почнаа бркотници, а обвинетиот бегаше од насобраните активисти, кои го следеа до црквата „Пресвета Богородица“.

Зачлени се на нашиот е-билтен