Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нов ски центар во Михајлово – Отворање на 1 јануари

Во Кавадаречко Михајлово е изграден нов ски центар, кој свечено ќе биде отворен на 1 јануари, информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Од Кабинетот нагласуваат дека овој проект ѝ донесува на Македонија современ скијачки центар, сместен во срцето на Кожуф планина.

– Снежната покривка е идеална, а планината е подготвена да ги пречека сите посетители – соопштија од Кабинетот на градоначалникот.

Во пресрет на отворањето, зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци активно работи на расчистување на патиштата. Со четири возила се чистат правците кон селата Страгово, Бохула, Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел да се обезбеди безбедно движење на сите кои патуваат кон овој регион.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во чисти патишта и совршени зимски услови за скијање на Кожуф планина.

Зачлени се на нашиот е-билтен