Обдукцијата доставена до Обвинителството – се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

Јавното обвинителство информира дека Институтот за судска медицина го доставил обдукцискиот наод за 32-годишниот Ведат Адеми од Куманово, кој почина на 17 март по примена терапија во градската болница.

Обдукцискиот извештај, како што посочуваат од Обвинителството, ќе се анализира заедно со останатите докази во рамки на предистражната постапка, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Случајот го потресе Куманово откако семејството на починатиот обвини дека Адеми починал поради лекарска грешка – наводно му бил даден лек на кој бил алергичен.

По смртта, Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди низа пропусти во болничкото постапување. Како резултат на тоа, директорот на болницата, д-р Стефан Трајановски, беше разрешен, а Министерството за здравство до Лекарската комора достави предлог за одземање на лиценцата на дежурниот лекар кој бил одговорен таа ноќ.

Извор: ТВ21

Зачлени се на нашиот е-билтен