Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради петарда 13-годишно дете ќе остане со траен ивалидитет на раката

На новогодишната ноќ, 13-годишно дете претрпе тешка повреда на раката од петарда, за која лекарите велат дека најверојатно ќе предизвика траен инвалидитет.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, изјави дека во текот на ноќта биле извршени 81 прегледи. Од нив, пет биле последица на сообраќајни несреќи, тројца од физички пресметки, а извршени се и три оперативни интервенции.

„Иако за време на самата новогодишна ноќ немаше повреди од петарди или огнено оружје, во претпразничниот период беа регистрирани 50 случаи, главно кај малолетници од 12 до 17 години,“ истакна Настов. Според него, се користат петарди со поголемо барутно полнење, кои предизвикуваат сериозни и трајни оштетувања.

Доктор Игор Мерџановски од ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, информира дека за време на ноќта биле извршени околу 35 прегледи.

„Од нив, девет се сообраќајни несреќи со лесни повреди, а пациентите се пуштени на домашно лекување. Имавме и два случаи на физички напад – едниот пациент беше задржан на опсервација. Детето со сериозна повреда на раката од петарда е оперирано на Детската клиника за хирургија, но за жал, раната најверојатно ќе резултира со траен инвалидитет,“ изјави Мерџановски.

Меѓу пациентите имало и странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на носот и главата, кој е згрижен и пуштен на домашно лекување.

Зачлени се на нашиот е-билтен