По објавата на СДСМ дека директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата на Северна Македонија Ивива Томовски доделил тендер вреден 3,5 милиони евра на фирма во која роднина на директорот Томовски е раководител на подружница од истата фирма, најголената опизициска партија за денеска најави нови деталји за шемата како парите на граѓаните завршуваат во џебовите на роднините на функционерите од ДПМНЕ.
Во соопштението на СДСМ се вели дека денеска ќе објават нови информации за скандалот во СОЗР поврзан со роднини на Томовски.
Прес конференцијата со почеток во 12.30 часот во седиштето на СДСМ ќе ја одржи организацискиот секретар, Мартин Костовски.
Вчера СДСМ објави дека СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра.
Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева.
Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“.
Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски.
Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер.
За СДСМ ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси и од партијата бараат итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции.