СДСМ денеска на прес конференција, што ја одржа организацискиот секретар Мартин Костовски, објави, како што беше речено, нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски.
Од оваа партија го повикуваа Томовски да излезе пред граѓаните и да одговори на следните прашања:
Дали лицето Дарко Гашиќ, негов роднина, кој има регистриано фрима на иста адреса со подружницата на „Праеторион ДООЕЛ“ во Охрид, имал проблеми со законите во соседна Србија?
Дали неговиот роднина, Дарко Гашиќ бил упасен во Србија, заедно со уште 9 други лица, осомничени дека извршиле убиство?
Дали Гашиќ викан Праки учествувал во крвава пресметка меѓу две криминални банди во Белгард на 10 ноември 2008 година која резултирала со двајца загинати?
На прес конферецијата, организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски, упати и втора серија птрашања:
Дали неговиот роднина Власе Танаскоски, кој ја раководи подружницата на „Праеториан ДООЕЛ“ во Охрид лежел во затвор во Албанија заради трговија со дрога?
Дали овие денови во Калишта Танаскоски организирал ручек на којшто присуствувал и министерот Панче Тошковски?
Од СДСМ прашаа дали е ова обид за создавање на нова СГС агенција на ДПМНЕ каде ќе со партиски рекетари и бандити ќе се контролираат држаните институции и ќе се перат пари, како во време на режимот.
За СДСМ ова е голем скандал поради коруптивната мрежа на ДПМНЕ за злоупотребата на власта и испумпување на парите на парите на граѓаните преку тендри вредни милионски суми, како и поради основаната поврзаност со криминални шеми и криминални ликови кои имале сериозни проблеми со законите во соседни држави.
Од овие причини СДСМ бара итна истрага од надлежните институции и постапување на Јавното обвинителство и антикорупциската комисија за овој скандалозен тендер вреден над 3,5 милиони евра, а од Владата се бара да го разреши Томовски од функцијата додека трае истрагата.
„Ова е уште еден доказ за корупцијата која владее во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе продолжи да се бори за правда, транспарентност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, беше порачано од прес конференцијата на СДСМ.