Денот на Републиката се прославуваше на 29 ноември и беше еден од петте национални празници во поранешна Југославија.
Овој датум всушност го означи Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина во 1943 година, кога под раководство на Комунистичката партија на Југославија беше донесена одлука за формирање федерална држава Југославија, како и конститутивна Собрание две години подоцна, кога го доби името Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ).
АВНОЈ и Македонија
АВНОЈ во новоконституираната државна заедница ги вброил како рамноправни конститутивни елементи македонскиот народ и македонската држава. Македонскиот јазик бил прогласен за рамноправен со српско-хрватскиот и словенечкиот на целата територија на Југославија. Со сето тоа, правно и политички биле санкционирани стремежите на македонскиот народ за самостоен национален живот во сопствена национална држава. Токму заради усогласеноста на решенијата на АВНОЈ со целите на антифашистичката и националноослободителна борба и со македонските национални интереси, тие решенија, децидно, биле потврдени од Првото заседание на АСНОМ.
Злонамерните антимакедонски толкувања дека поради неприсуството на македонски претставници АВНОЈ нема легитимитет за Македонија, било во минатото, а и денес, фактички е дел од вокабуларот на антимакедонските пропаганди што го негираат македонскиот национален индивидуалитет и го проблематизираат самостојниот македонски државноправен развој. Фактички, решенијата на АВНОЈ за Македонија биле антиципирани и одобрени преку Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од октомври 1943 г.
СРЈ ја укина СФРЈ
На познатото Второ заседание на АВНОЈ присуствуваа 142 делегати, а претседаваше предвоениот претседател на Собранието на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, доктор Иван Рибар.
АВНОЈ тогаш беше конституиран како законодавно и извршно претставничко тело на Југославија, додека Националниот комитет за ослободување на Југославија (НКОЈ) беше конституиран како највисок извршен и орган на народната власт, кој ги имаше сите карактеристики на народна револуционерна власт.
Сите одлуки и обврски на претходната власт беа поништени и таа заедно со Петар II Караѓорѓевиќ беше протерана од државата.
Во тоа време, словенечките и хрватските делегати во Јајце настапуваа како претставници на одделни држави, а Словенија имаше посебни барања во однос на границите и јазикот.
Како посебна одлука на АВНОЈ, на Јосип Броз Тито му е доделена титулата „Маршал на Југославија“, врз основа на предлогот на словенечката делегација.
Југославија е име што означува три различни но последователни политички ентитети што постоеја во поголемиот дел од 20. век на Балканскиот Полуостров, а во чии рамки спаѓаа јужнословенските земји меѓу кои и Македонија.
По завршувањето на војната – од 1945 година, тој датум се прославуваше како Ден на Републиката и беше еден од најголемите државни празници во поранешна СФРЈ, кој свечено се прославуваше низ целата земја.
На овој ден се пееја пофални песни за Тито, се одржуваа приредби во културните домови, а учениците од прва класа станаа пионери. Последната генерација пионери е родена во 1982 година. За многумина, пак, првата асоцијација за овој празник е рано станување и одење во кланица за свињи. Поради општата еуфорија што го придружуваше овој ден, го прославија и оние кои не беа големи љубители на Тито и социјализмот.
Интересното кај овој празник е што продолжи да се празнува и по распаѓањето на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, Денот на Републиката престана да се слави во речиси сите поранешни републики, а од крајот на деведесеттите се славеше само во Србија, до нејзиното официјално укинување, на 14 ноември 2002 година, со одлука на Сојузното собрание на Сојузна Република Југославија.