Скопје повторно се соочува со високи нивоа на загадување на воздухот. Индексот на квалитет на воздухот (IQAir) вчерва изнесува 151, што го става градот во категоријата „нездрав за чувствителни групи“.
Овој индекс укажува дека лицата со респираторни и срцеви проблеми, постарите, децата и бремените жени треба да избегнуваат подолг престој на отворено. Препорачливо е користење на заштитни маски, особено во најзагадените делови од градот.
Скопјани веќе подолго време се борат со загадувањето, кое во зима достигнува алармантни нивоа поради грејната сезона и атмосферските услови. Изминатите денови, иако беа неработни сепак загадувањето беше зголемено, Скопје и уште неколку град во Македонија се загадени.
Власта и натаму нема конкретни мерки.