Возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше повредени од несреќата до Скопје, ќе биде постхумно одликуван. Тој почина откако се врати дома, легна да одмори и не се разбуди.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека ќе се сретне со семејството на починатиот и ќе предложи негово одликување.
– Заврши огромна работа во вонредни околности, кога сите медицински екипи работеа без пауза – изјави Таравари.
Сè уште нема официјални податоци за часовите што ги поминал на должност, но министерот нагласи дека во такви моменти никој не гледа на часовникот.