„Бојкотот не е инструмент на економска политика и тоа беше да се сврти вниманието и Владата на крај рече дека виновни се маркетите. Ако имате екстра трошоци во четврток и петок, маркетите се задоволни. Бојкотот не е инструмент. Владата треба да направи обид да го заштити стандардот на сиромашното населениие, да го идентификува и точно да ги заштити нив. Тоа е краткорочно и тоа е современа политика на 21 век. Сите други мерки се долгорочни“, рече професорот.
Узунов објасни дека во нашата држава сите влади употребуваат краткорочни мерки и реформи бидејќи сакаат само да ги добијат изборите.
„Ние сме мал пазар и имаме несовршена конкуренција. Идејата дека во мала економија сè ќе се реши со слободен пазар е имагинација. Мора да научиме како се регулира пазрот. Кај нас реформите се непопуларна мерка за време на избори. Политичарите сакаат да ги добијат сите избори и не спроведуваат реформи. Решение за пазарен неуспех е да се контролира пазарот, да не земе сè бирократијата, но да се регулира интелигентно“, рече тој.
Професорот зборуваше и за субвенционирањето на земјоделците.
„Субвенционирањето на земјоделците почна во времето на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ, од мерка за развој помина во популистичка мерка за купување гласови, кога ќе се промени и ќе се насочи на развој, ќе има ефект“, додаде Узунов.