Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За петок најавен нов бојкот на маркетите – Цените се во рацете на граѓаните

На социјалните мрежи повторно се шири повик за бојкот на големите трговски синџири, кој треба да се одржи овој петок. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од купување, а акцијата е наречена „Црн петок“ за маркетите.

Од завчера кружи и специфичен повик за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“, при што граѓаните се охрабруваат да не купуваат во овие продавници.

Минатонеделниот бојкот веќе покажа ефект – според податоците на УЈП, на 31 јануари 2025 година, прометот во осумте најголеми ланци на маркети паднал за 46,59% во споредба со претходниот петок. Сепак, голем дел од граѓаните ги направиле своите набавки следниот ден, што резултирало со пораст на прометот за 11,3% во саботата.

Првиот бојкот, организиран од граѓаните, се одвиваше под слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“ и доби поддршка од јавноста, политичките партии и Владата.

Синдикалниот лидер Слободан Трендафилов минатата недела ги повика граѓаните да избегнат „двојно или тројно трошење во четврток и сабота“ за да спречат трговците да ги надоместат загубите.

Оваа иницијатива потекнува од Хрватска, каде граѓаните со масовен бојкот оставија празни каси во маркетите. Таму сега е во тек и седумдневен бојкот на одредени трговски синџири поради високите цени во споредба со останатите земји од ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен