Жена се породила на улица во Бангкок откако била евакуирана болницата

Жена се породила вчера на улица во Бангкок, откако болницата во која била, била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.

-Лежеше на носилки, опкружена со медицински персонал кој и помогна да се породи на отворено. Поради тресењето на земјата предизвикано од земјотресот, спомен болницата Кинг Чулалонгкорн и болницата БНХ беа евакуирани, известуваат медиумите.

Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжиле да се грижат надвор, пред зградите на болницата.

Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани во урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.

Зачлени се на нашиот е-билтен