Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Антикорупционерите се откажаа од Христовски, не биле надлежни за бугарскиот сертификат по англиски јазик

За сертификатот по англиски јазик, издаден од училиште во Пловдив, Бугарија, Антикорупциската комисија заклучи дека не е надлежна да вештачи дали документот е фалсификуван, туку тоа е работа на Обвинителството. Со ваквата одлука антикорупционерите го затворија предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

„ДКСК изврши увид во сертификатот и формално правно условот е поднесен, односно, поднесен е документ што ги задоволува барањата. Поради претставката за сомневање на автентичноста на наведениот сертификат, ДКСК нема овластување да проверува и утврдува автентичност на документите како ТОЕФЛ сертификатите. Надлежноста за утврдување на евентуалната невалидност на документот е во ОЈО Скопје каде што е поднесена кривична пријава“,  изјави Цвета Ристовска, член на ДКСК.

Во однос на тоа што Христовски лани бил избран за претседател на скопскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека едниот од условите наведени во Законот за АНБ е дека директорот на оваа агенција не треба да е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија, од ДКСК велат: „Доставена е изјава со која под полна материјална и кривична одговорност, лицето изјавило дека не е члена на политичка партија, ниту на тела на партија. Оттука, согласно надлежностите на ДКСК, таквата изјава е автентичен доказ тој не е член на политичка партија“.

Антикорупционерите констатираа дека нема основ за постапување по основ на судир на интереси и корупција, а тој ги исполнува условите за вршење на функцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен