Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Енес Ибрахим е старо новиот петседател на Партијата за движење на Турците

Енес Ибрахим е старо новиот паретседател на Партијата за движење на Турците. Ибрахим беше избран на денешниот конгрес, и тоа со едногласна поддршка од делегатите на партијата..

Од партијата соопштија дека тој во своето обраќање, рекол дека Партијата за движење на Турците по многу нешта се разликува од другите партии во државата.

„Партијата за движење на Турците, во текот на своето 25-годишно постоење, покажа дека се разликува од останатите политички субјекти, благодарение на својата визија, капацитет, идеали, достоинство и принципи. Патот кон Европската Унија мора да продолжи, бидејќи членството во ЕУ ќе донесе европски стандарди, независно судство, повисоки плати, субвенции и демократски развој, што ќе ја унапреди положбата на турската заедница во Северна Македонија“, рече Ибрахим.

Делегатите на Конгресот ги избраа и новите членови на Централното собрание на партијата.

На Конгерсот присуствувале високи политички претставници од земјата, како и од Република Турција и соседните држави.

Зачлени се на нашиот е-билтен