Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонската репрезентација прва во Лига на Нациите

Македонската репрезентација во фудбал ги совлада Фарски Острови на Арената Тодор Проески во Скопје и ги обезбеди 16 бодови во оваа кампања, со што стана прва во својата група од Лигата на Нациите.

Селекторот Боби Милевски, изјави дека нашите играчи заслужуваат многу подобри услвои за игра.

„Со оглед на тоа со што се соочуваме кога играме на страна, многу сме назад што се однесува до теренот. Овие момци заслужуваат многу подобро. Мислам на теренот. Се до излегувањето на терен се е супер, фала за ФФМ. Кој и да е надлежен, тука мора да се реагира. Не само за нас, и за противникот. Многу е полесно да се браниш на ваков терен. Како противникот денес. Многу е тешко да креираш. Никогаш не сум го посочил ова, но еве сега тоа го правам. Не мора да одиме подалеку доволно е да одиме во соседството. Честитки за моите фудбалери, не знам колку се рекорди се срушени, но познавајќи ги добро нема да застанат тука. Се што прават до сега, е мотив да се продолжи во правилната насока„ – изјави селекторот Милевски на стартот на прес конференција.

На новинарсо прашање „Дали е Македонија подготвена за Б дивизијата во Лигата на Нациите“, Милевски, рече дека ќе се наврати малку на претходните квалификации.

Игравме со три селекции кои беа на последното ЕП. Освен неколку меча на останатите бевме конкурентни. Се останато бевме на нивото кое што мислам дека треба да бидеме. По тие квалификации одлучив да играм со ектра сериозно селекции на пријателски мечеви. Се она што го видов ми кажа дека имаме потенцијал. Свесен сум дека имаме потенцијал. Коментарите се дека имаме лесни противници. Не се сложувам со тоа. Фарски, Летонија и Ерменија се конкурентни. Само оној што не знае да види може да каже дека ова се лесни противници. Ова е правецот на кој што Македонија треба да оди во иднина. Начинот на кој што играат, начинот на она што влегуваат на меч, енергијата која што ја имаат. Пример како тоа треба да се прави“, рече, селекторот Милевски.

Тој додаде дека македонските фудбалери покажале неверојатно ментална сила.

„Осум од првите единаесет немаат минутажа. Некои од нив не играат воопшто. Од каде ја наоѓаат таа енергија? Јас знам. Од нивниот карактер и од нивниот менталитет. Друг избор немам, освен да го почитувам она што го прават. Тие се играчите, јас нема никогаш да се откажам од нив. А во каква форма се, натпреварувачка. Никаква. Физичка, тие си знаат како ја одржуваат. Но менталната снага нивна е неверојатна. Огромен квалитет е на тимот. Да се враќа од негатива, да биде трпелив. Ни треба малку повеќе самодоверба, да веруваме во себе и во своите способности. Се надевам дека ќе си ги решат проблемите на клупско ниво и дека тоа ќе ни помогне на сите. Како на нив така и на нас“, рече селекторот Милевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен