Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Неизвесно е дали недела пак ќе биде работен ден

По  следната седница на ЕСС ќе се знае дали ќе има измена на законското решение за недела неработен ден

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која заедно гласно и јасно ќе разговараме со работодавачите и работниците, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мое лично мислење е дека треба да им биде овозможено во недела да работат на сите оние кои ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат двојно или тројно повисока дневница или, пак, никој да не работи. Или ќе важи за сите или нема да важи за никого, а политика на двојни стандарди ние нема да водиме. Дали ќе има законски интервенции и какви ќе бидат ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на ЕСС.
За ова прашање веќе сме разговарале со синдикатите и со стопанските комори и не е прашање кое сакаме да го наметнеме. Не сме го разговарале во тесен круг, па да носиме одлука и потоа да не знаеме што да правиме со неа. Нема да направиме ништо на сила, рече Мицкоски 

Зачлени се на нашиот е-билтен