Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Данска усвоен закон за забрана за истакнување на странски знамиња

Данскиот Парламент усвои закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави.

Министерот за правда Петер Хумелгард изјави дека новите правила ќе дозволуваат да се истакнува само националното знаме на Данска. – Знамето ги обединува Данците и заслужува посебен статус, нагласи министерот.

Новата законска регулатива не се однесува на знамињата на Финска, Фарските Острови, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Германија, како и на регионалните или меѓународните организации како што се Обединетите нации и Европската Унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен