Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хрватски новинар по четири дена на протестите во Белград: Целта на студентите не е да го срушат Вучиќ, туку да го сменат системот

Целиот регион овие денови е фокусиран на протестите во Србија, а хрватскиот новинар Томислав Кукец, кој беше на блокадата во Нови Сад, напишал текст кој многумина ќе им разјасни ситуацијата на улиците на Белград и Нови Сад. Неговото искуство покажува длабоко незадоволство меѓу студентите и младите, кои се противат на системот кој го сметаат за корумпиран и неправеден.

Кукец започнува со силни импресии:

„Четири сум дена во Србија, најпрво во Белград, а сега и во Нови Сад. Разговарав со десетици луѓе, слушав разни судбини, животни приказни за кои би се напишала книга. И искрено, прв пат во мојата новинарска кариера не знам што да напишам. Ова што се случува вечерва во Нови Сад е нешто сосема надреално, нешто што никаков напис или телевизиски прилог не може да опише, еден од тие моменти во историјата кога молчиш и гледаш, чувствуваш…“

Кукец објаснува дека во почетокот мислел дека протестите се насочени кон рушење на режимот на Александар Вучиќ, но наскоро сфатил дека тоа е само дел од поширок протест против системот. Тој пишува:

„Бев во заблуда дека Србите го рушат режимот на Александар Вучиќ и дека ќе известувам за падот на една диктатура. На патот сфатив дека тоа е само зрно, мал дел од приказната за бунтот во Србија.“

Студентите на улиците, според неговите зборови, не сакаат политички промени, туку сакаат „коренска промена, можеби и утопија, апсолутна демократија, понекогаш и анархија“.

Кукец продолжува со нивните барања: „Битно е да работат институциите. Да се почитуваат законите. Да се за казнено дело оди во затвор, а не на висока позиција. Да не се газат луѓето со различно мислење на улиците на градовите. Битно е секој да одговара за својата работа, својата збор, за секој свој потег.“

Кукец напоменува дека студентите не се дел од политички партии и немаат лидер, што посебно плаши политичарите. Тој заклучува дека во овој млад бунт има сила која не може да ја игнорираат ни властите ни опозицијата:

„Тие не се леви, не се десни, што се!? Е, тоа најмногу плаши и оние политичари кои се на власт и оние кои би сакале да дојдат на власт. Бидејќи гледаат дека оваа деца се паметни, артикулирани, начитани и пред сѐ храбри и посилни отколку што било кој мислел.“

Кукец не се срами да изрази емоции за храброста на студентите, кои не само што бараат промени, туку, како што вели, разбудиле надеж кај постарите:

„И затоа постарите плачат кога ги гледаат на улиците. Плачат затоа што гледаат дека надежта не е изгубена, плачат затоа што ги потсетиле на силата која и самите ја имале. Плачат затоа што години не плачеле, заробени во безнадежност и апатија и размислувањето како е така како што мора да биде и ништо не можеме да промениме.“

Текстот на Кукец дава длабок поглед во душата на протестите, со емоционално размислување за состојбата на општеството во Србија, но и пошироко.

Зачлени се на нашиот е-билтен