Холандската централна банка во вторникот предупреди дека семејствата треба да имаат доволно пари одвоени за три дена во случај на итност. Се препорачува луѓето да задржат 70 евра по возрасен и 30 евра по дете во цврста валута, во случај системите за електронско плаќање да престанат да работат.
Како една од причините за ваквата подготовка, банката ја наведува заканата од сајбер напади – ризик кој расте поради се понапнатата геополитичка ситуација, пишува Politico.
Пример за проблем со плаќањето се случи во април кога прекин на струја во Шпанија и Португалија предизвика сериозни, но краткотрајни тешкотии во функционирањето на платните системи. Готовината што треба да ја имате при рака треба да биде доволна за „суштински трошоци за три дена, како што се вода, храна, лекови и превоз“.
Холандската централна банка имаше совети и за трговците на мало: тие треба да обезбедат алтернативни начини на плаќање, како што е скенирање на QR-кодови, во случај уредите за плаќање на продажните места да не работат. Препораките од овој тип се дел од поширокиот план за итни случаи објавен од Европската комисија во март.
Како што објави Политико, планот ги советува граѓаните да имаат тридневно снабдување со храна за да се обезбедат резерви во случај на итни случаи, како што се војна или природни катастрофи.