Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“

Кина и Колумбија потпишаа договор за билатерална соработка во рамки на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, голем проект за финансирање на инфраструктурни проекти.

Потпишувањето на договорот дојде откако претседателите на двете земји се сретнаа во Пекинг на маргините на форумот меѓу Кина и Заедницата на латиноамерикански и карипски држави.

Растечката трговија во последните години помогна за засилување на влијанието на Пекинг во Латинска Америка и Карибите, регион од стратешко значење за САД. Кина е втор најголем трговски партнер на Колумбија по Вашингтон.

„Пекинг е подготвен да увезува повеќе висококвалитетни стоки од Колумбија, да ги поддржи своите компании во инвестирањето и развојот на нивните активности во латиноамериканската земја и да учествува во изградбата на инфраструктура“, му рече претседателот Си Џинпинг на колумбискиот претседател Густаво Петро.

Порано оваа недела, Петро изјави дека Колумбија ќе се приклучи кон иницијативата „Појас и пат“.

Повеќе од 20 латиноамерикански земји се меѓу повеќе од 150 земји кои учествуваат во иницијативата.

Зачлени се на нашиот е-билтен