Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ова се победници од фото – натпреварот „Нејчр ин фокус“ за 2024 

Натпреварот „Нејчр ин фокус“ за 2024 прими рекордни 14.180 фотографии од 42 земји, а сега конечно се објавени победниците.

Фотограф на годината е Супун Дилшан, чија впечатлива фотографија ја документира тешката судбина на слоновите во Шри Ланка. Неговата серија на фотографии, соодветно насловена „Заглавени меѓу два света“, ги прикажува предизвиците со кои се соочуваат овие животни поради судирот меѓу човекот и дивиот свет. Од обиди да преминат преку бодликава жица до трагични судири со возови кои се движат со голема брзина, слоновите во Шри Ланка се борат да преживеат во сè потешки услови.

За неговата посветеност во документирањето на овие проблеми, Дилшан ја доби и наградата за зачувување на природата „Рамки Сринивасан“.

– Срцепарателно е да се гледа како развојот директно им се спротивставува на животните. Нивните живеалишта веќе се намалуваат со загрижувачка брзина поради влијанието на човекот. Со зголемувањето на линерната инфраструктура, особено во региони како Индија и Шри Ланка, ќе гледаме уште повеќе вакви проблеми. Ова е една од најголемите закани за дивиот свет денес – вели Аниш Андерија, претседател на друштвото „Вајлдлајф конзервејшн траст“ и член на жирито.

Други наградени фотографии

Млад фотограф на годината – Салахудин Ахмед со фотографијата на љубопитното вилино коњче што ѕирка низ лист.

Категорија „Животинско однесување“ – Ангела Алби и Август Паула со неверојатна воздушна фотографија од група ајкули како напаѓаат големо јато риби на Малдивите.

Категорија „Портрети на животни“ – Прутви Б со извонредна слика од женка леопард како се качува на дрво во Индија.

Во продолжение погледнете ги преостанатите победнички фотографии.

2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12

Извор: Mymodernmet.com

Зачлени се на нашиот е-билтен