Албански медиуми: Конференција „Албанија 15 години во НАТО-безбедносни закани на Балканот“; ќе се „чешлаат“ албанските медиуми за руско влијание; 25 години од убиството на 86 цивили во Кралан

Во Тирана, во рамките на 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, ќе се одржи конференцијата „Албанија 15 години во НАТО – безбедносни закани на Балканот“.

Формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија за координација и надзор на сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата, побара пратеничката група на социјалистите во Албанија.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Денеска се одржува конференцијата „Албанија 15 години во НАТО-безбедносни закани на Балканот“

Во рамките на 15-годишнината од членството на Албанија во НАТО, ќе се одржи конференцијата „Албанија 15 години во НАТО – безбедносни закани на Балканот“.

Конференцијата ја организираат Албанскиот политички центар, Атлантскиот совет во Албанија и Центарот за безбедност на Југоисточна Европа, а на едно место се вклучени политичари, војска, професионалци, аналитичари од падот на Железната завеса во Албанија и регионот, пренесе Балкан Веб.

Панорама: Идентификување на странските интервенции во демократските процеси, барањето на ПС за формирање Комисија за дезинформации- војна против  руското влијание

Пратеничката група на СП се обрати до Собранието со барање за формирање на Посебна комисија за дезинформации.

Во барањето од социјалистите, меѓу другото, се наведува:

„Формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија за координација и надзор на сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата.

Специјалната комисија, преку сеопфатен и долгорочен пристап, треба да промовира идентификација на странско мешање во демократските процеси преку низа форми, вклучително и кампањи за дезинформација преку традиционалните и социјалните медиуми за обликување на јавното мислење, директна финансиска поддршка и индиректно, како и злонамерното економско влијание на јавните актери и поткопувањето на активноста на граѓанското општество.“, пренесува Панорама.

Топ Чанел: Одложена седницата во ЃККО за Бериша, поранешниот премиер бара укинување на мерката за безбедност

Се одложува судската седница за поранешниот премиер Бериша на која тој би барал укинување на мерката за безбедност „куќен притвор“.

На ЃККО присуствуваа адвокатите на Бериша, Сокол Менѓеси и Генц Ѓокутај.

Следната седница ќе се одржи на 8 април, во 13:00 часот. Причина за одложувањето е немањето обвинители, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Перископи: За разлика од Лајчак, од ВВ велат дека во Брисел не се разговара ниту за регулативата на ЦБК ниту за динарот

Во новиот обид за изнаоѓање решение за динарот, Европската унија на 4 април ја започнува новата средба меѓу Косово и Србија. Претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, сметајќи дека прелиминарните средби биле корисни, напиша дека очекува да се најде решение за прашањето за Регулативата на Централната банка на Косово.

Во меѓувреме, во Косово, Движењето Ветевендосје одговори на критиките на опозицијата дека Владата разговара за внатрешни прашања.

Членот на Комисијата за евроинтеграции од ВВ Агон Батуша рече дека во Брисел не се разговара ниту за регулативата на ЦБК ниту за динарот.

„Регулативата не се дискутира во Брисел бидејќи регулативата е регулирана со уставот на Косово и е право на Косово. Се разговара како локалните Срби на Косово имаат пристап до нивните пензии што ги добиваат од Србија“, изјави Батуша, пренесува Перископи.

Бота Сот: 25 години од убиството на 86 цивили во Кралан во Ѓаковица

На 2 април 1999 година, во Кралан во Ѓаковица, српските воени и полициски сили одвоија неколку стотици момчиња и мажи од групата од 1500 Албанци кои ги напуштија своите домови за да избегаат од српските злосторства што го зафатија цело Косово. Останатите – жени, деца и старци – добија наредба да одат во Албанија.

Два дена подоцна, на 4 април, од групата момчиња и мажи кои цело време биле чувани на ливадата, опкружени со цистерни, без вода и без храна, голем број од нив биле ослободени. Приведени се 86 од нив, меѓу кои 11 малолетни.

Од тој ден, од тој момент, никој од нив не е виден жив.

Во 2013 година, Фондот за човекови права (ФДХ) поднесе кривична пријава против неколку претпоставени на Југословенската армија за воени злосторства во Кралан. Во оваа прилика беше соопштено дека телата на 18 приведени момчиња и мажи се пронајдени на масовни гробишта кај езерото Перуча, во Бајина Башта, Србија, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Што по Лајчак?

„Четири години од мандатот на Мирослав Лајчак како специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија не го донесоа предвиденото решение. Но, не е само тој виновен.

Но сега односите меѓу Косово и Србија не се воопшто понормални од пред четири години. А сега во ЕУ има и такви кои прашуваат дали вреди да се има специјален пратеник за дијалог, да се троши толку за неговиот тим, а да нема додадена вредност. Затоа, пред да се одлучи за наследникот на Лајчак, ЕУ треба да одлучи што сака да прави со дијалогот.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Што по Лајчак“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира