БДП за време на владеењето на СДСМ постојано расте, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ останало исто

Брутодомашниот производ за време на владеењето на СДСМ, од 2017 до 2024 гдоина е во постојан раст, што може да се види од податоците на веб страницата за економските индикатори на земјите, „Макротрендс“.

За разлика од тоа, од 2008 до 2016 година, за време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, Брутодомашниот производ на земјата е во едно исто рамниште, со неколку растови, но и последователни падови.

Слична е и ситуацијата ако се споредува БДП по глава на жител. Од 2018 до 2017 година се забележува минимален раст, додека од 2017 до 2024 година, БДП по глава на жител добива нагорен тренд, сподели професорката Емилија Целакоска на социјалните мрежи.

Ваквите податоци само покажуваат дека иако економијата е често во изјавите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, фактите и податоците покажуваат дека нивното владеење не придонело за економски раст, додека за време на владеењето на СДСМ, забележително е објективно подобрување на сите економски индикатори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира