Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Владините мерки даваат резултат, растот на платите е пензиите е далеку повисок отколку растот на трошоците за живот

„Земајќи го периодот јануари-март 2024 споредено со јануари-март 2023 година, инфлацијата изнесува 3,4%, што е малку пониско ниво од иницијално проектираната инфлација за 2024, која според последните Владини проекции треба да изнесува 3,6%. Ова е само уште еден во низата докази дека оваа Влада континуирано ги следи економските случувања во државата, и дека спроведува соодветни политики со кои се подобрува стандардот на граѓаните, затоа што растот на пензиите и просечната плата од почетокот на годината до сега е далеку повисок отколку растот на трошоците за живот“,напиша на социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи додаде дека со стапување во сила на Законот за спречување нефер трговски практики, стандардот на граѓаните дополнително ќе се заштити

„Минатиот месец беше донесен и Законот за нефер трговски практики со кој дополнително ќе се обезбеди гаранција за стабилни цени на над 2.500 основни производи како и оневозможување на нефер трговско работење“, порача Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново