Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бочварски: ДПМНЕ одби амандман за субвенции на чисти извори на енергија

Заменик министерот за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Николче Јанкуловски, го одби амандманот предложен од СДСМ, со кој се бара обезбедување на средства за субвенционирање на компании за производство на чист водород од обновливи извори на енергија.

Поддршката која СДСМ ја бараше имаше за цел да поттикне развој на иновативните технологии и решенија, кој ќе придонесат за енергетска независност и зелена транзиција на земјата, особено во период на глобалната борбата против климатските промени. Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на Комисијата за финансирање на буџет рече:

–„Субвенициите ќе им овозможат на компаниите да ги намалат почетните трошоци за имплементација на водородни капацитети, со што се поттикнува потребата на чисти извори на енергија во производството и индустријата. Производството на водород од обновливи извори како што се соларната и ветерната енергија ќе го намали влијанието врз животната средина и ќе обезбеди стабилно и одржливо снабдување со енергија што е клучно за долгорочната економската и еколошка стабилност на земјата“, нагласи Бочварски.

Ова инцијатива требаше да го позиционира енергетскиот сектор на Македонија, на мапата на одржливи и иновативни решенија, со што би се зголемила конкурентноста на домашните компании во придонесувањето за одржлив економски развој.

ж

Зачлени се на нашиот е-билтен