Aмандманската расправа за Предлог буџететот за 2025 година, без ниту еден прифатен амандман на опозициската СДСМ и колицијата. Претресот по амандмните стартуваше на 19 ноември, а завриши на 29 ноември. Пратеничката група на СДСМ и колицијата, имаше поднесено 204, од вкупно 307 амандмани. Пратеникот од редовите на СДСМ Јован Митрески во неколку наврати рече дека до сега во историјата на Собранието не се случило да не биде прифатен ниту еден амандман на опозицијата. Митрески често обвинуваше дека целата амандманска расправа власта ја сведе на дебатата ‘кој нешто обезбедил, што обезбедил, кој што не направил, кој што направил, се со цел амандманите да бидат одбивани’.
„Досега ниту еден амандман не е прифатен. Ова се нема случено во историјата на Собранието. Не може од ова што е напишано во амандманите, ништо да не биде прифатено. Зошто вие како тогашна опозиција, за она што го пишувавте во разно разни програмаи, сега како власт не го прифаќате“, говореше Митрески.
За време на амандманската расправа, која траеше цели десет дена, пратениците од власта и опозицијата беа со спротивни ставови за сите предложени амандмани. Според едните, буџетот е развоен и домаќински, а според другите е нереален, покажува немање визија и треба да се врати на доработка во Владата.
Со Предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти.
По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година.
Се очекува седницата за носење на Буџетот за 2025 година да биде закажана во втората недела во декември.
Со амандманите на СДСМ кои власта не ги прифатина се бараше: еко автобуси, повеќе пари за чист воздух, пари за пречистителни станици, патишта, за социјална заштита, образование, иновации, претприемништво, земјоделство.
Со предлог буџетот креиран од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ обвини дека се скртени парите за чист воздух, дека нема планирано пари за нови автобуси и покрај хаваријата во градскиот сообраќај, за превенција на ХИВ, и друго.
Со Предлог буџетот за 2025 година вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарда денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41 350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП. Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 процента како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација и поумерениот притисок од базичната инфлација. Извозот се очекува да има раст од 4,2 отсто, а увозот од 4,4 проценти како резултат на очекувањата за постепено стабилизирање на меѓународното опкружување и зголемувањето на надворешната побарувачка.