Бундестаготт му донираше безбедносни рентген скенери на македонското Собрание. Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер рече дека со вакви моменти долгорочно, континуирано и интензивно се издига соработката меѓу Парламентите кои се ‘срцето на демократијата’.
Швајцарската амбасадорка Вероник Улман, рече дека ‘овој чин е добар почеток на патот до целта – независен безбедносен сервис на Собранието’.
Собранискиот спикер Африм Гаши потенцираше дека со рентген скенерите, се подигнува степенот на безбедност, транспарентност и пристапност на законодавниот дом, неговиот кредибилитет и достоинство.
„По оваа донација и обуките, поголем фокус ќе биде ставен на безбедносното прашање“, рече Гаши.