Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици. Од нив „реални“ повици биле 935 или 54,61%, а 777, односно 45,39% биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.
Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81% од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76%, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 % и кон ЦУК 4 повици или 1,35%. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК)
Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување.