Државниот секретар на САД Рубио се појави со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера се појави на Фокс њуз, за ​​време на прославата на католичкиот празник Пепелница со крстот на челото, што предизвика лавина од коментари.

Значењето на крстот на челото

А што всушност значи крстот на челото на Рубио?

Имено, католичката традиција налага за време на празникот Пепелница свештеникот да ја посипува главата на верникот со пепел или со пепел да му нацрта крст на челото. Во христијанската традиција, посипувањето со пепел означува чин на покајание и подготвеност за нов живот.

Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во Соединетите Американски Држави (САД) во 1956 година, две години пред да дојде на власт Фидел Кастро. Наскоро тие се приклучија на мормонската црква. Католичките медиуми во САД јавуваат дека тие подоцна ја напуштиле мормонската црква по наговор на нивниот син и се вратиле во католицизмот.

Рубио бил помазан, иницијација со којашто се потврдува припадноста кон католичката вера и се оженил во католичка црква, но подоцна станал член на евангелистичка мегацрква со неговата сопруга. Потоа повторно се вратил во Католичката црква.

„Само Трамп може да ја запре војната“

За време на гостувањето на Фокс Њуз, Рубио повтори дека администрацијата на Трамп сака да стави крај на војната во Украина.

„Ние сме среќни и привилегирани што имаме претседател кој сака, ако е можно, да стави крај на конфликтот што чинеше милијарди долари и стотици илјади животи и уништување што на Украинците и на другите ќе им одземе една генерација да се опорават“, рече Рубио.

Рубио претходно има речено дека Трамп е измамник

Во 2016 година американскиот државен секретар жестоко го нападна својот противкандидат Доналд Трамп за време на прелиминарните избори на Републиканската партија. Го критикуваше Трамп за недостатокот на искуство во надворешната политика, го нарече измамник и ги исмеваше неговите „мали раце“.

Трамп одговори со прекарот „Малиот Марко“ и му се потсмеваше на секој чекор. Трамп, меѓу другото, на тогашниот сенатор му рекол дека се шминкал премногу, пиел многу вода и многу се потел.

И покрај навредите, Рубио го поддржа Трамп кога ја доби републиканската номинација за претседател на САД. Истото го направи и на последните избори.

Рубио, исто така, претходно беше силен поборник за користење на меѓународната помош како клучна алатка за проширување на американското влијание. И тоа се промени кога тој го поддржа Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен